Пред нејзиниот прв настап на ревијата н Викторијас Сикрет, Кендал изнајми приватен тренер кој и помогна да го донесе нејзиното тело до совршенство. Првиот тренинг во неделата секогаш и беше најинтензивен како би се придржувала на режимот на исхрана бидејќи според нејзиниот тренер, колку тренинзите ви се понапорни, ќе бидете подоследни во исхраната. Такви интензивни кардио вежби таа тренирала на почетокот и на крајот на неделата.
Под тоа подразбира – возење статичен велосипед во соба, еднаш во неделата, кој помага за потенок и постегнат дел во пределот на бедрата и колковите. Нозете и задникот ги обликувала со помош на тегови и чучњеви, а рацете со справи за веслање, а и дополнително ги обликуваа со тегови. Со сите овие вежби комбинира и секојдневни трчање, така што мораме да признаеме дека Кендал навистина била посветена на вежбањето и заслужено е на самиот врв меѓу најпознатите модели. Но покрај добрата исхраната и напорните тренинзи, Кендал се колне и во едно друга работа кога е нејзината убавина во прашање, а тоа е:
„Верувајте ми кога ви велам дека за мојот изглед најмногу е виновен добриот сон. Се обидувам секогаш да спијам седум – осум часа“, вели таа.