Диети

Како помладата сестра на Ким Кардашијан, Кендал Џенер, ја одржува својата витка линија?

Реклама
Реклама

Диетата и фитнес триковите на познатиот модел …

Без разлика дали сте фан на славното семејство Кардашијан или не, мораме да бидеме искрени и да признаеме дека една од помладите сестри на Ким Кардашијан – Кендал Џенер во последните неколку години дефинитивно ги освои најпознатите светски модни писти и преку ноќ стана еден од најбараните модели!

Маркетинг

Таа без проблем ги покори Њујорк, Лондон, Милано и Париз, успевајќи да ми ја одземе круната на многу поискусни манекенки. Фамозната 18 годишна убавица, која преку ноќ стана едно од најбараните лица во модната индустрија, и која сите добро ја познаваат од нејзината улога во шоуто „Во чекор со Кардашијанците“, во разговор за E!News откри како ја одржува својата витка фит линија. „Денот секогаш го започнувам со некој чај за детоксикација, а во текот на еден ден секогаш пијам најмалку 12 шолји чај! Кога при раце немам ’Kusmi Detox’, од лимон и зелен чај, тогаш правам цеден сок од јаболки“, вели Кендал.

Маркетинг

Младата Кендал многу добро знае дека доколку сака да остане на самиот врв и да им биде омилен модел на врвните дизајнери треба да внимава на својата линија, па така постојано внимава на исхраната и јаде многу овошје и зеленчук, но внесува и доста протеини. Таа најчесто се храни по принципот на диетата со малку јаглехидрати, а по слична диета и нејзината сестра Ким Кардашијан изгуби 20 килограми откако се породи. Кендал секојдневно јаде многу протеини без маснотии и вели дека така има доволно енергија за сите дневни обврски. Јаде многу сирово овошје и зеленчук и тоа и е омилен десерт па повеќепати во денот директно од фрижидерот ќе зема свеж зеленчук или овошје и ќе го грицка. Најмногу сака јаболка или јагоди, а и чипс од сирење и чили, но оваа нездрава грисина се обидува да ја избегнува.

Уште една тајна на нејзиното витко тело е и тоа што брзата храна ја избегнува колку што може повеќе. Вели дека е свесна дека таквата храна е многу вкусна, но чувството на задоволство трае многу кратко, а последиците за организмот се долгорочни. Од здравите навики, Кендал го има пиењето чај. Таа секој ден го започнува со пиење зелен чај за детоксикација кој, како што вели самата, и помага да ги отстрани сите токсини од организмот и го забрзува метаболизмот. Таа дневно пие дури 12 шолји.

Што се однесува до физичките активности, манекенката го сака трчањето и најчесто вежбите најчесто ги избира оние од групата на кардио вежби. Таа вели дека со трчање согорува голем број калории па затоа често го практикува, а покрај тоа и најмногу сака да вежба сама па трчањето за неа е идеална активност. Таа мрази теретана и справи, но кога ќе загусти, пред некоја важна ревија, сепак мора да се соочи со нив.

Премини на следната страна >>>>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Back to top button