Ако сувата, безживотна коса е вашиот проблем, тогаш оваа диета е за вас.
Дали знаете дека она што го јадете се одразува врз вашата коса? Шампоните за ревитализација, обновување, зајакнување на косата и сл. нема да ви помогнат многу доколку правилно не се храните.
На вашата коса, како и на вашето тело, ѝ е потребна балансирана, здрава исхрана за да биде здрава. Заради тоа овој план за исхрана содржи низа различно овошје и зеленчук кои се полни со витамини и антиоксиданси, интегрални житарици за минерали, јаткасто овошје и семки за витамини и минерали, и безмасни протеини за железо.
Водата не само што е потребна за хидратација на телото, туку исто така ја одржува косата сјајна и свиленкаста. Диетата вклучува 8-10 чаши вода и сокови дневно за максимална хидратација.
ПОЈАДОК
прва опција: интегрални житарици со обезмастено млеко и боровинки, сок од портокал
втора опција: житарици од ориз со млеко од соја и јагоди, сок од грејпфрут
трета опција: трици со обезмастено млеко,мешавина од јагоди, боровинки, малини, сок о портокал
РУЧЕК
прва опција: сендвич со мисиркино месо и интегрален леб, зелена салата и патлиџан, салата од зелени и црвени пиперки и патлиџани, мандарина, млеко од соја
втора опција: супа од грашок, ржан леб, брокула и моркови со прелив со ниска масленост, праска, обезмастено млеко
трета опција: пица со зеленчук, мешана салата со брокула, зелени и црвени пиперки и туна, киви, обезмастено млеко
ВЕЧЕРА
прва опција: печено телешко месо, пире од компири, боранија на пареа, мешано овошје (јагоди, боровинки, малини) со мед или јаворов сируп, соја млеко со ниска масленост
втора опција: говедско со брокула, кафеав ориз, мешано овошје (портокал и цитрон), соја млеко со ниска масленост
трета опција: свинско филе со прелив, прокељ, мешана салата со лимон, печен компир со нискокалоричен крем, слатка со јагода, соја млеко со ниска масленост
УЖИНА
Изберете една ужина со соја и една со јаткасто овошје секој ден
– ¼ чаша мешано јаткасто овошје
– ¼ чаша мешано јаткасто овошје, семки и сушено овошје
– јогурт со пченични никулци, јаткасто овошје и јагоди, боровинки
– печени зрна од соја
– соја млеко со ниска масленост со шитарици, ленено семе и овошје
– тофу со теријаки сос.
СЕ ПРЕПОРАЧУВА:
– да јадете многу овошје и зеленчук поради антиоксидансите што ги содржат, што поголема разновидност во бојата, тоа подобро
– да избегнувате обработена храна кога е можно, поради витамините во свежата
– да пиете многу вода поради хидратација
НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА:
– да пиете алкохол
– да пушите
– да јадете обработена и конзервирана храна (грицки, слатки, бисквити, бомбони …).