Диети

Диета за забрзување на метаболизмот

Реклама
Реклама

Со помош на оваа диета можете да изгубите 4 до 5 килограми за еден месец.

dieta

Диетата за забрзување на метаболизмот предвидува дневен внес од 1200 калории. Се препорачува да ја држите еден месец во текот на кој ќе изгубите 4-5 килограми. За да го забрзате метаболизмот треба секогаш да јадете во исто време и да не вечерате по 21 часот, бидејќи тогаш се успоруваат метаболичките процеси.

Маркетинг

Храната треба да се подготвува на скара, пареа или на шорет. Така не се менува вкусот на намирниците. Исто така, храната не треба да се зачинува. Дневно како зачин можат да се употребат 3 лажици маслиново масло, но дозволено е да се додава сок од лимон или зачински билки. Заменете го белиот шеќер со нискокалоричен засладувач, пијте 1,5 литар вода за прочистување на организмот и полесно исфрлање на токсините.

Овошјето и зеленчукот помагаат во справувањето со лошиот метаболизам, како и белковините од месото, рибата и јајцата. Исто така, се смета дека 5 шолји кафе дневно го забрзуваат согорувањето на калории за пет отсто , но сепак не треба да се претерува – ова посебно се однесува на лицата со висок крвен притисок кои не треба да пијат повеќе од две шолји кафе на ден.

Маркетинг

Избегнувајте маснотии и шеќери, како и алкохол и благи пијалоци кои содржат многу калории. Земете во предвид дека некои видови зеленчуци, како кељ, зелка, брокула и ротквица можат, кај некои лица, да ја успорат работата на штитната жлезда, а со тоа и метаболизмот.

dieta

Пример за неделно мени

 

Понеделник

Појадок: чај или кафе без шеќер, 3 парчиња интегрален тост и чаша немасно млеко или немасен јогурт.
Ужина: свежо овошје или сок од портокал без шеќер.
Ручек: 50 гр. интегрални тестенини со домати и малку рендано сирење, межана свежа салата и кафе без шеќер.
Ужина: шолја чај или кафе без шеќер и јаболка.
Вечера: свежо овошје или зеленчук, супа или пире од зеленчук без тестенини и ориз, 200 гр. риба на жар или во рерна, мешана салата и половина интегрално пециво.

Вторник

Појадок: чај или кафе без шеќер, 3 парчиња интегрален тост и чаша немасно млеко или немасен јогурт.
Ужина: свежо овошје или сок од цитрон без шеќер.
Ручек: 160 гр. посно крем сирење со половина интегрално пециво, мешана салата од свеж зеленчук и кафе без шеќер.
Ужина: шолја кафе или чај и круша.
Вечера: свежо овошје или зеленчук, супа или пире од зеленчук без тестенини и ориз, карпачио од печурки, мешана салата и половина интегрално пециво.

Среда

Појадок: чај или кафе без шеќер, 3 парчиња интегрален тост и чаша немасно млеко или немасен јогурт.
Ужина: свежо овошје или сок од цитрон без шеќер.
Ручек: салата од грав, мешана салата од свеж зеленчук, кафе без шеќер.
Ужина: шолја кафе или чај и киви.
Вечера: свежо овошје или зеленчук, супа или пире од зеленчук без тестенини и ориз, 2 тврдо или меко варени јајца, мешана салата и половина интегрално пециво.

Четврток

Појадок: чај или кафе без шеќер, 3 парчиња интегрален тост и чаша немасно млеко или немасен јогурт
Ужина: свежо овошје или сок од портокал без шеќер.
Ручек: 50 гр. интегрален ориз со зеленчук, мешана салата од свеж зеленчук, кафе без шеќер.
Ужина: шолја кафе или чај и јаболко.
Вечера: свежо овошје или зеленчук, супа или пире од зеленчук без тестенини и ориз, брудет од риба, мешана салата и половина интегрално пециво.

Петок

Појадок: чај или кафе без шеќер, 3 парчиња интегрален тост и чаша немасно млеко или немасен јогурт
Ужина: свежо овошје или сок од портокал без шеќер.
Ручек: шпагети со школки, мешана салата од свеж зеленчук, кафе без шеќер.
Ужина: шолја кафе или чај и киви.
Вечера: свежо овошје или зеленчук, супа или пире од зеленчук без тестенини и ориз, 150 гр. месо на жар, мешана салата и половина интегрално пециво.

Сабота

Појадок: чај или кафе без шеќер, 3 парчиња интегрален тост и чаша немасно млеко или немасен јогурт.
Ужина: свежо овошје или сок од цитрон без шеќер.
Ручек: 160 гр. посно сирење со половина интегрално пециво, мешана салата од свеж зеленчук и кафе без шеќер.
Ужина: шолја кафе или чај и круша.
Вечера: свежо овошје или зеленчук, супа или пире од зеленчук без тестенини и ориз, 50 гр. немасна шунка, мешана салата и половина интегрално пециво.

Недела

Појадок: чај или кафе без шеќер, 3 парчиња интегрален тост и чаша немасно млеко или немасен јогурт.
Ужина: свежо овошје или сок од портокал без шеќер.
Ручек: 50 гр. интегрален ориз со артичока, мешана салата, кафе без шеќер.
Ужина: шолја кафе или чај и праска.
Вечера: свежо овошје или зеленчук, супа или пире од зеленчук без тестенини и ориз, 150 гр. мисиркин батак на скара, мешана салата и половина интегрално пециво.

Извор: ordinacija.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button