Еден од најважните принципи на оваа диета е дека посното црвено месо или месото од дивеч е многу поздраво од пилешкото. Наместо пилешко се препорачува да се јаде риба како бакалар, харинга и скуша, кои изобилуваат со незаситени масни киселини.
Наместо маслиново масло се користи масло од репка кое содржи поголема количина на омега 3 незаситени масни киселини.
Белиот леб според правилата на оваа диета треба да се замени со ржан кој е многу поздрав и не создава чувство на подуеност. Од овошјето најмногу се препорачуваат боровинките и останатотото зрнесто овошје бидејќи е богато со антиоксиданси, а од зеленчукот се препорачува зелката, кељот и спанаќот, поради витамините Б и Ц.
Уште еден од главните принципи налага да се јаде почесто но во помали количини, бидејќи малите оброци не го успоруваат метаболизмот.
Звучи одлично. Посебно за оние што сакаат да експериментираат со храната, да пробуваат нови работи и вкусови, а притоа постојано се грижат за своето здравје и убавината.
Извор: cosmopolitan.hr