Диети

Скандинавска диета – режим на исхрана за витка линија и добро здравје

Реклама
Реклама

Зборот диета често добива негативна конотација бидејќи се поврзува со ограничен внес на храна, па затоа во овој случај најдобро е да се зборува за режим на исхрана, бидејќи скандинавската диета е токму тоа.

На сите ни се познати благодетите од медитеранскиот начин на исхрана каде што преовладуваат овошјето и зеленчукот, рибата и маслиновото масло. Сепак, последните истражувања покажуваат дека и скандинавската диета е исто така добра за здравјето. Таа во последно време станува се попопуларна, така што може да се мери, ако не и да ја надмине, медитеранската.

Маркетинг

Оваа диета е многу привлечна затоа што се базира на млечни производи, бакалар, посно црвено месо, бобинки и ржан леб кои доминираат во кујната на Швеѓаните, Данците, Норвежаните и Финците. Исхраната во скандинавските земји е одлична за одржување на витката линија. Скандинавската диета во основа е протеинска бидејќи се заснова на црвено месо и риба, но сепак станува збор за немрсно месо кое не создава масни наслаги и проблеми со здравјето. Пред главниот оброк или како аперитив со пијалок се јаде пушена риба или пушено месо, варен компир, тврдо варени јајца и кисел зеленчук, што ја намалува гладта, како и количината храна што ќе се изеде за главниот оброк.

Премини на следната страна >>

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Back to top button