Исхраната треба да ја збогатите со јаглени хидрати, а да го намалите внесот на протеини. Тоа е добитна комбинација.
За само еден ден ќе се чувствувате подобро, а за еден месец ќе изгубите 6 килограми! Оваа диета е осмислена од страна на д-р Сузан Клајнер, позната нутриционистка од Америка, чии главни преокупации повеќе од 25 години се нутриционизмот, фитнесот и здравјето.
Повеќето луѓе се откажуваат од диетите поради тоа што постојано се чувствуваат гладни и лишени од омилената храна. Оваа диета не нуди магичен рецепт за брзо слабеење туку начин како да ги покренете природните механизми на вашиот организам и да ја почнете битката со вишокот килограми. Како и сите други диети, така и оваа подразбира дека треба да ги промените навиките за јадење. Во текот на четирите недели колку што трае ќе почнете на друг начин да гледате на вашата исхрана, но и на животот во целина. Ќе се ослободите од вишокот килограми, ќе се исполните со позитивна енергија и ќе го зголемите расположението.
Успехот на оваа диета лежи во правилното комбинирање на храната. Трите главни оброци содржат намирници кои позитивно влијаат на расположението, а двете ужини ќе му обезбедат на вашето тело доволна количина на шеќер кој целосно ќе го неутрализира чувството на глад. Ако се придржувате на правилата на диетата за еден месец ќе се ослободите од дури шест килограми. Планот за исхрана можете да си го правите сами, според дадениот пример и во согласност со правилата, придржувајќи се на дозволените намирници. Ако не ви се јаде пилешко или јунешко можете да ги замените со соја или печурки. Од овошје и зеленчук е дозволено сé.
Правила на диетата
– Диетата се базира на намирници богати со јаглехидрати и на намален внес на протеини, односно треба повеќе да се јадат компири, тестенини, ориз, грав, леќа, како и житарки и производи од житарки, а да се намали количината на месо, млеко и сирење. Не ги изоставајте рибата, пилешкото месо, јужното овошје и авокадото.
– Користете зачини кои го стимулираат создавањето на хормонот на среќата како ванила, ѓумбир, мускатно оревче, коријандер и каранфилче.
– Во текот на диетата треба да пиете најмалку 2 лити вода или незасладен чај дневно. Попладневниот пад на енергијата ќе го избегнете со помош на јагоди и зеленчук богат со влакна.
– Најдобро е во текот на денот да имате пет оброци, храната да ја јадете полека и убаво да ја џвакате. Така побрзо ќе се заситите.
– За вечера потрудете се почесто да јадете протеинска храна бидејќи протеините ја забрзуваат размената на материите.
– Користете што повеќе зачини кои го забрзуваат варењето, најдобро лути зачини.
– Во текот на диетата не пијте алкохолни пијалаци кои се многу калорични и го блокираат согорувањето на мастите.
– Обидете се секој ден да шетате барем половина час за да го забрзате согорувањето на калориите и размената на материите. На тој начин ќе го зголемите расположението и ќе се спасите од досадата и посегањето по грицки!
План за исхрана
Ден 1
Појадок: 50 гр. овесни снегулки, 250 мл. млеко или јогурт со 1,6% масленост
Ужина: 1 банана или палачинка со џем
Ручек: 200 гр. ослич (или 150 гр. лосос) на скара, 50 гр. варен грашок
Ужина: 30 гр. мусли, 2 дл. исцеден сок од портокал
Вечера: 150 гр. печени пилешки гради, 100 гр. компири, домат, сок од лимон
Ден 2
Појадок: 125 гр. овесни снегулки, 2 дл. млеко или јогурт, банана
Ужина: сендвич од едно парче интегрален леб и 75 гр. туна, 2 дл. сок од ананас
Ручек: 175 гр. пилешко, 75 гр. печен компир, 175 гр. варена брокула
Ужина: 115 гр. крекери
Вечера: 125 гр. динстано пилешко или јунешко месо, 200 гр. компир печен во лушпа, зелена салата
Ден 3
Појадок: мешавина од 80 гр. пасирана банана, 60 гр. рендани јаболки и 250 мл. млеко или јогурт
Ужина: 125 гр. варен грав, парче леб, јаболко
Ручек: 125 гр. пилешки гради, јогурт
Ужина: 2 бисквити, крушка
Вечера: 175 гр. варени тестенини, 2 домати, 100 гр. сутлијаш со лажичка мед
Ден 4
Појадок: 50 гр. пченични снегулки, 250 мл. млеко со 1,6% масленост
Ужина: омлет од 2 јајца, 50 гр. сирење, интегрален тост
Ручек: 200 гр. болоњезе сос, 75 гр. варени интегрални шпагети, печено јаболко
Ужина: 50 гр. мусли, банана
Вечера: салата од 125 гр. варена димена шунка, 25 гр. грашок, 25 гр. пченка, 25 гр. морков, 50 гр. варен компир
Ден 5
Појадок: 60 гр. мусли, 60 гр. рендани јаболки, 200 мл. млеко со 1,6% масленост
Ужина: парче интегрален леб, 40 гр. младо сирење, 65 гр. краставица
Ручек: сендвич со пилешки гради и маргарин
Ужина: јаболко, лажица мед
Вечера: 200 гр. ослич на скара, 175 гр. варен компир, 125 гр. салата од мешано овошје