Забранета храна
Шеќер – најдобро е да се исфрлат сите форми на шеќер бидејќи го поттикнуваат растот на кандидата. Внимавајте на присуството на шеќер во сите јадења, посебно во готовите. Забранети се белиот и кафеавиот шеќер, медот, сите намирници кои содржат шеќер (читајте на декларацијата: сахароза, фруктоза, малтоза, лактоза, гликоген, глукоза, манитол, сорбитол, галактоза, моносахариди, полисахариди), како и бисквити и колачи, бомбони, чоколади, мармалад и се останато што е благо во каква било форма.
Овошје – содржи природни шеќери кои исто така го поттикнуваат растот на габите. Исфрлете го замрзнатото, конзервирано и суво овошје, овошните сокови, портокалите и дињата.
Квасец – се исфрла целата храна која содржи квасец: пекарски и пивски квасец, суплементи од квасец, сите пекарски производи со квасец, како и производите од бело брашно. Можете да користите пекарски производи од интегрални житарки, но подготвени без квасец, може со прашок за пециво.
Оцет – оцетот се добива со култури од квасец, па затоа исто така треба да се исфрли: сите видови на оцет и се што може да содржи оцет како мајонез, кечап, сосови, соја сос, сенф, кисели краставички и кисел зеленчук од туршија, конзервирани маслинки.
Премини на следната страна >>