Житарките првенствено ве асоцираат на појадок, но нив можете да ги јадете и во текот на денот, и тоа во тек на две седмици, во рамки на оваа диета со житарки која се покажала како многу ефикасна во борбата со вишокот на килограми.
Диетата е многу едноставна, но, како и другите диети, не е многу лесна и бара доследност и посветеност. Не морате целосно да се одречете од оброците и од вашата омилена храна, туку треба два оброка дневно да замените со чинија житарки – 1 шолја житарки со млеко со ниска масленост. Значи, планот е многу едноставен, заменувате два оброци дневно, по ваш избор, појадок и ручек, или појадок и вечера или ручек и вечера со чинија житарки, а за третиот оброк си јадете најнормално. Ваквиот план треба да го спроведувате две недели. Потрудете се да користите житарки со малку шеќер или без шеќер. Со ваквата исхрана нема да се изгладнувате а ќе изгубите до 3 килограми за седум дена. Оброкот по ваш избор треба да се заснова на здрава храна, без многу маснотии, со повеќе зеленчук и немасно месо како риба, пилешко, телешко, леб од интегрални житарки, салата со маслиново масло и лимон, и т.н. Алкохолот е забранет во текот на диетата.
Диетата е многу популарна, токму затоа што е прилично едноставна, не треба да броите калории, да ги планирате оброците, да купувате специјални намирници, да ги мерите … Сé што ви треба се здрави житарки, млеко и малку да внимавате на исхраната и гарантирано ќе се ослободите од 3 килограми за една недела.
Со оваа диета нема преголемо одрекување од храна и изгладнување, така што не се забележани никакви негативни последици и ако се држи и 2 недели. Единствениот проблем е што е малку монотона, бидејќи се јаде истото (дури и да користите различни житарки) во текот на 2 недели. Сепак, подолго држење на диетата не се препорачува токму поради монотоноста и едноличната исхрана и премалиот внес на овошје, зеленчук, влакна и т.н.