Зелениот чај е многу популарен бидејќи многу поволно делува на здравјето: го зголемува имунитетот, го забрзува метаболизмот, го забавува стареењето и помага да се изгубат вишокот килограми.
Зелениот чај е едноставен и ефикасен начин да се ослободите од масните наслаги и да добиете витка линија без строги диети и големи одрекувања.
Зелениот чај со векови се користи како силен антиоксиданс и како средство кое го отстранува физичкиот и менталниот замор. Одлично делува на целокупната здравствена состојба, а се користи дури и во борбата против ракот. Го спречува згрутчувањето на крвта, го снижува холестеролот и го регулира нивото на шеќер во крвта. Јапонките изгледаат млади и имаат витка линија благодарение на тоа што пијат по неколку шолји зелен чај дневно.
Три до четири шолји зелен чај дневно ќе ви помогнат да го изгубите вишокот килограми и да одржувате здрава телесна тежина, без потреба да се одречете од омилените колачиња или грицки. Покрај чајот, секој ден требна да внесувате и 2,5 литри вода за хидратација на организмот и успешно губење на тежината, најдобро по две чаши ладна вода пред оброкот.
Се препорачува зелениот чај да се пие без шеќер, а ако вкусот ви е премногу јак, можете да додадете половина лажичка мед. Шолја зелен чај со мед ќе ви помогне во контролирањето на апетитот и намалувањето на желбата за храна.
Зелениот чај е многу успешно средство за слабеење поради тоа што лисјата на зелениот чај содржат биоактивни ферменти кои ја блокираат апсорпцијата на скроб, така што едноставно минуваат низ системот без никакви ефекти. Резултатите се исти како да сте на диета со низок внес на јаглени хидрати, со таа разлика што можете навистина да консумирате јаглени хидрати без страв дека ќе се наталожат во форма на сало на стомакот или колковите.
Вкусот и ефектите на зелениот чај во голема мера зависат и од начинот на кој се подготвува. Зелениот чај не се прелива со врела вода, туку кога водата ќе зоврие треба да почекате дваесетина секунди за да и опадне температурата за десетина степени па дури тогаш да го прелиете чајот. Вистинската температура на водата варира и зависи од видот на чајот што го користите, но генерално треба да биде од 75 до 90 степени. |
Ова не значи дека можете да јадете колку сакате и што сакате, дури и да се прејадувате и да очекувате да ослабите поради зелениот чај. Исхраната треба да биде здрава и умерена и по можност да ја исфрлите или сведете на минимум целата преработена, спакувана, конзервирана, индустриска храна како сувомеснати производи, готови слатки, помфрит и т.н. Исто така, не треба да отидете и во другата крајност па да се изгладнувате, очекувајќи брзи резултати од зелениот чај. Организмот не може да ги издржи строгите диети подолго време и со нив се доведувате во опасност во еден момент да изгубите контрола и да почнете да се прејадувате. Затоа, треба да се трудите да внесувате доволно храна и да се чувствувате сити. Не прескокнувајте ги оброците бидејќи во некој момент ќе надоместите се што сте прескокнале, што секако ќе се одрази негативно и на вашата тежина и на вашето здравје.
Изборот на храната што ќе ја јадете треба да го помогне процесот на слабеење, во комбинација со зелениот чај. Затоа се препорачува вашата исхрана генерално да се состои од овошје и зеленчук, немасно месо како риба, пилешко или телешко, здрави масти, интегрални житарки и интегрален леб наместо бел. Дневно треба да имате 5 мали оброци на растојание од околу 2,5 до 3 часа.