Овие намирници го закрепнуваат и го опуштаат организмот. Но, дали сте знаеле дека диетата врз основа на вино и сушено овошје е една од најпопуларните диети во светот? Таа е креирана да трае од 3 до 5 дена и ви помага да се ослободите од дури 5 килограми. Звучи фантастично и можете да ја испробате.
За оваа диета потребно е да подготвите посебна мешавина за слабеењe. За да го направите тоа, земете 100 грама различно сушено овошје (сливи, кајсии, смокви) и измешајте го со ореви и бадеми. Во текот на дитата дозволено е консумирање кафеи зелен чај. Уште една важна состојка при оваа диета е сувото црвено вино. На ден трeба да пиете 100 грама и најдобро е тоа да биде после 19 часот.
Сето сушено овошје поделете го на 10 до 12 порции и секој час земајте по една. Помеѓу оброк пијте чиста вода. Во вечерните часови дополнете ја чашата вино со сушено овошје.
Напомена: Пред да се одлучите за оваа диета, посоветувајте се со вашиот лекар.