За време на летните горештини, диета со пиење исклучиво сокови припремени од овошје и зеленчук може да биде едноставен и брз начин за губење на вишокот килограми.
Овошјето и зеленчукот се препорачува да се користат во свеж облик, најчесто со употреба на соковник кој што ја одвојува пулпата (месото на овошјето и зеленчукот) од истиснатиот сок. Сепак, може да се користат и свежо припремени кашички, кои вклучуваат целосно измелени плодови, заедно со стеблата и листовите.
Начинот на примена на оваа диета е доста едноставен и еве како може да изгледа еднодневен режим, кој може и лично да го модификувате по сопствена желба и потреби.
Појадок: Сок од цвекло, лимон и ананас.
Ручек: Сок од краставици, морков и целер.
Вечера: Сок од зрнесто овошје (јагоди, рибизли, боровинки…)
Оваа диета со сокови може да биде доста корисна кога е потребно да се прочисти организмот, да се направи мала пауза од стандардниот начин на исхрана и секако, бргу да се отстранат вишокот килограми.
Иако е потребна врвна дисциплина, диетата е богата со течности, па за време на спроведувањето со истата, организмот хидрира, се подобрува варењето, а апетитот се намалува. Со неа се внесува голема количина на витамини и минерали, како и разни антиоксидативни состојки кои позитивно делуваат на различни состави на организмот.
Сепак, не се препорачува користење на оваа диета во континуитет повеќе од една недела, бидејќи е доста рестриктивна и во неа се изоставени бројни важни хранливи состојки што може да доведе до сериозни нарушувања во работата на организмот.
Замките на оваа диета и како да ги надминете:
Диетите преку кои се внесува поголемо количество на течности и зеленчук во било кој облик, енергетски се доста сиромашни, од што доаѓа до детоксикација на организмот и брзо губење на вишокот килограми.
Меѓутоа, овие диети во подолг период предизвикуваат телесна истоштеност, дефицит во исхраната и сериозни здравствени проблеми.
„Брзите“ диети исто така не ги менуваат долгорочните навики во исхраната, со што многу лесно откако ќе престанете да ги применувате, доаѓа до таканаречениот „јо-јо ефект“ – брзо акумулирање на нето изгубените килограми.
Како би ги надминале замките на ваквите рестриктивни диети, прв чекор е истите да се практикуваат низ краток период од максимално две недели.
Кога ќе заврши диетата, следува постепено воведување во други калорични намирници низ период од неколку дена. Враќањето на вообичаениот начин на исхрана би требало да подразбира и прифаќање на што е можно повеќе правилни навики во јадењето.