Диети

Диета со сирова храна – ослободете се од вишокот килограми за брзо време

Реклама
Реклама

Убавото време полека но сигурно доаѓа и сакате брзо да се ослободите од вишокот килограми?

Колку и да изгледа како пуста желба, не е неизводливо. Решението за вас можеби е новата диета осмислена од Сири Дата, експерт за јога, која може да ви овозможи да ослабите брзо и здраво за само две недели. Диетата е многу лесна и едноставна, се јаде само сирово овошје и зеленчук, никулци, семиња и јаткасто овошје. Нема специфични планови за исхрана, рецепти, броење калории, дури ни готвење, а ќе имате фантастични резултати!

Маркетинг

Според Сири, од јадењето на сирова храна можете да имате само корист – брзо и здраво слабеење, чистење на кожата и косата, голема енергија и зголемено либидо! Звучи доволно примамливо за да се одречете од сегашниот начин на исхрана и да пробате?

Маркетинг

Можете да се обидете барем на одредено време, иако се повеќе луѓе денес целосно преминуваат на сирова исхрана.

Оваа диета можете да ја држите колку денови сакате: 3, 7 или 10 дена. Со диетата од 3 дена ќе ја намалите подуеноста на стомакот, ќе ја зголемите енергијата и ќе изгубите околу 3 килограми. Со диетата од 7 дена ќе можете навистина да ги почувствувате благодетите од сировата храна – ќе се чувствувате убаво и лесно, ќе имате бистар ум и многу енергија, а ќе изгубите околу 5 килограми. Со диетата од 10 дена ќе имате и позитивни промени на кожата, ќе изгледате помладо и посвежо, а ќе изгубите околу 7 килограми!

Колку точно килограми ќе изгубите зависи од вашата првобитна тежина. Секако, колку имате поголем вишок, толку повеќе ќе изгубите.

Без разлика дали ќе се определите за диета од 3, 7 или 10 дена, правилата се исти: јадете само сиров зеленчук, овошје, семиња, никулци и јаткасти плодови, плус здрави (ладно цедени) масла и мед. Смеете да пиете само вода, свежи сокови и смутија.

Најдобро е појадокот да ви биде рано наутро, меѓу 7 и 9.00 часот.

Почнете го денот со 2 чаши вода и малку исцеден лимон за да го прочистите организмот. Пијте полека за подобро да се апсорбираат хранливите материи.

Освен свежо овошје и зеленчук, за појадок можете да си направите и некој интересен сок, од комбинација која ќе ви одговара. На пример:

– Сок од ананас (300 гр.), 4 големи јагоди и малку грозје (може и суво). Многу вкусен и здрав сок, кој сигурно ќе ви се допадне.
– Сок за прочистување, идеален за диети: 4 моркови, 1 краставица и 1 цвекло.
– Свеж и лесен сок за добро варење: 2 јаболка, 1 круша, 1 лажица свеж изрендан ѓумбир.
– Сок од моркови (6) и јаболка (2), идеален за кое било време од денот.

Се препорачува ручекот да ви биде меѓу 12 и 14.00 часот.

Ова треба да ви биде најобемен оброк во текот на денот, со полно зеленчук, салати, никулци.

Идеално време за вечерата е помеѓу 18 и 20.00 часот.

Немојте да јадете по 20.00 часот навечер. Храната што ќе ја изедете по 20.00 часот останува во вашиот организам, ферментира, се претвора во масти и го поттикнува дебелеењето. Во вечерата треба да вклучите и здрави масти за организмот да може да се обнови и исцели додека спиете. Затоа, во овој оброк додадете семиња, преливи за салати и јаткасти плодови.

Се препорачува да пиете барем 2 литра обична вода во текот на денот, распоредени во текот на целиот ден.

На интернет можете да најдете безброј рецепти со сирова храна, но сепак ние би ве охрабриле да експериментирате и истражувате, сами да си изнаоѓате комбинации кои ви одговараат и да уживате во подготовката на храната како и во нејзиното консумирање. Можностите се бесконечни …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button