Диети

Диета која ја препорачуваме за оваа недела: Наместо грицки, јадете пуканки и слабејте!

Реклама
Реклама

Сите луѓе кои имаат навика да јадат разни грицки во текот на денот секогаш треба да имаат подготвено пуканки без никакви маснотии и преливи и кога и да сакаат нешто да грицнат да посегнат по пуканките.

Пуканките се многу поздрави од кои било грицки како чипсови, смоки, солени стапчиња, крекери и т.н., а со текот на времето ваквата промена позитивно ќе се одрази на вашата тежина. Ако грицките ги замените со пуканки за многу брзо време вишокот килограми наталожен поради грицките ќе се истопи.

Маркетинг

Важно е пуканките да бидат подготвени без никакви додатоци. Така подготвени се одлична храна за слабеење бидејќи подготвени само на жежок воздух во 100 грама содржат помалку од 400 килокалории. Така, една шолја без додатоци содржи само 30 калории и скоро воопшто да не содржи масти. Исто така, неодамна група научници од Универзитетот во Пенсилванија објавија дека содржат повеќе антиоксиданси кое било овошје или зеленчук. Антиоксидансите се многу важни за човековиот организам бидејќи го штитат од молекулите кои ги оштетуваат клетките. Во една порција пуканки има околу 300 милиграми антиоксиданси, а најмногу ги има во лушпата на пуканките, која е вистински извор на хранливи материи.

Според составот, 100 грама пуканки содржат две третини јаглени хидрати, 15 грама диетални влакна, 12 грама белковини и 4 грама масти. Содржат и витамини Б1 и Б2, калциум, железо и фосфор, бета каротен и комбинација на лутеин и зеаксантин.

Маркетинг

Пуканките се прават од житарки во цели зрна и обилуваат со влакна, односно 9 грама влакна по шолја. Влакната придонесуваат за чувство на ситост, го помагаат варењето и празнењето на цревата, ги ублажуваат проблемите со хемороидите и придонесуваат за намалување на тежината.

Правила на кои треба да се придржувате во текот на диетата

1. Сведете го лебот на минимум, а доколку не можете, дозволено е најмногу едно парче интегрален леб со ручекот; 2. Бројот на калории што може да се внесе не е ограничен, но сепак внимавајте и не се прејадувајте. За ручек можете да изедете најмногу 200 гр. немрсно месо и тоа печено или варено, а не пржено; 3. Избегнувајте да јадете компири и ориз како прилог на јадењето; 4. Секогаш кога ќе почувствувате глад јадете пуканки, а престанете со јадењето 2 часа пред да си легнете; 5. Диетата со пуканки се држи од 7 до 10 дена, а доколку не сте задоволни со резултатите продолжете ја и понатаму со тоа што со пуканки ќе ја замените само вечерата. За појадок можете да јадете разновидна храна по ваша желба, но сепак обидете се да избегнувате пецива и тестенини.

ПУКАНКИ СО ЈОГУРТ

Има уште една варијанта на оваа диета, а тоа е појадокот и вечерата да се заменат со пуканки со јогурт. Значи, наместо вообичаената храна, за појадок и вечера се јаде порција пуканки со 200 мл. јогурт со ниска масленост. За ужина можете да јадете овошје, на пример една јаболка, банана, 2 мандарини, портокал и т.н., а за ручек се јаде некое попосно месо како пилешко или риба и зеленчук по избор.

ПУКАНКИ КАКО УЖИНА

Кога се користат во диетите за слабеење пуканките се подготвуваат без масло, путер или други додатоци. Во текот на диетата се препорачуваат три умерени оброци дневно, исхрана која главно се заснова на овошје и зеленчук, вода и незасладени чаеви наместо сокови. Пуканките се јадат помеѓу оброците, како ужина, што ќе ви помогне да се заситите и да не посегнувате по друга храна.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button