Подготовка:
Загрејте го маслиновото масло во голем широк лонец. На загреаното масло додајте ги прво пилешките гради и пржете ги 2-3 минути. Потоа додајте го ситно исечканиот зеленчук и пропржете уште десетина минути. Се залијте со вода, додадете сол и варете на тивок оган додека не се свари месото, околу триесетина минути, во зависност од дебелината на коцките. Кога ќе биде готова супата додајте ја мелената пиперка и копарот. Убаво промешајте и варете уште 2 минути.
Свежиот зеленчук можете да го замените и со замрзнат, а времето на подготовка можете да го скратите ако супата ја направите во експрес лонец. Оваа количина на супа е доволна за еден ден, но ако не можете да ја изедете целата, не морате, можете да ја искористите и следниот ден. Количината на зеленчук може малку да варира, но битно е да не се користи друг зеленчук освен наведениот кој содржи многу малку калории.
Премини на следната страна >>