Диети

Вкусна диета со пилешка супа – еден од најбрзите начини за слабеење

Advertisement

Ова е многу популарна диета која со години кружи меѓу луѓето и може да се најде во различни верзии, a во продолжение ќе ја претставиме најдобрата.

Advertisement

На пилешката супа и се припишуваат разни полезни влијанија врз здравјето, а и во народната медицина на различни култури се препорачува како помош за болни и реконвалесценти.

Диетата со пилешка супа трае седум дена во текот на кои е дозволено да се јадат пет различни видови на појадок во текот на неделата, а супата може да се консумира во неограничени количини. Значи диетата е многу лесна и едноставна. Се јаде појадок по кој можете да јадете супа во неограничени количини и ништо друго до појадокот следниот ден. За пет дена имате препорачан појадок, за секој ден различен, а шестиот и седмиот ден можете да си изберете кој појадок сакате од претходните пет дена.

Диетата со пилешка супа спаѓа во брзи диети кои не ги препорачуваат стручњаците за слабеење. Диетата не вклучува многу различни намирници па се смета дека не се внесуваат доволно хранливи материи во периодот кога се спроведува. Слабеењето најверојатно се должи на нискиот внес на калории, а не на самите својства на пилешката супа. Бидејќи се спроведува само една недела, оваа диета не би требало да има штетни последици кај здравите луѓе. Во секој случај, пред да почнете да ја спроведувате најдобро е да се консултирате со вашиот доктор.

Advertisement

Диетата лесно се спроведува бидејќи сите пропишани намирници можат лесно да се најдат и тоа по прифатливи цени, што е главната причина за нејзината голема популарност.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3 4Следна страница
Advertisement
New Ad
Back to top button