Сите знаеме колку е здрав медот и колку поволно делува на организмот. Освен тоа, има прекрасен благ вкус кој не може а да не ви се допаѓа.
Медот, во различни комбинации, се користи и како помош во справувањето со многу заболувања. Иако е благ и калоричен медот се користи и во диетите за слабеење. Овде ви претставуваме една тридневна диета со мед со која можете да се ослободите од 2-3 килограми за само три дена!
Потрудете се да набавите мед со проверен квалитет, од познат производител, и дајте предност на потемните видови мед!
План за исхрана
Ден 1
Појадок: 2 ровки жолчки измешани со лажичка мед, чај со лимон или кафе без шеќер
Ручек: направете крем во блендер од следниве состојки: 100 гр. сирење, 50 гр. варен морков, 50 гр. обарена брокула и 50 гр. обарен карфиол; чај или кафе со една лажичка мед
Вечера: 1 чаша бистра супа од зеленчук, 1 парче интегрален леб и 1 јаблко/ круша/ портокал
Пред спиење: чај со лимон
Ден 2
Појадок: исто како и првиот ден
Ручек: направете крем во блендер од следниве состојки: едно меко варено јајце, лажица мед 1 100 гр. младо сирење; чај со лимон или кафе без шеќер
Вечера: 150 гр. риба или пилешки гради, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон
Ден 3
Појадок: исто како и првиот ден плус едно јаболко
Ручек: 50 гр. сирење, 1 парче ржан леб, чинија свеж зеленчук со сок од лимон
Вечера: 300 гр. обарен зеленчук, едно меко варено јајце, чаша чај со една лажица мед.
Секој ден треба задолжително да се изеде половина лимон!