Диетата со лубеница и диња е одличен начин да се ослободите од вишкот килограми во овој дел од годината кога има изобилство од лубеници и дињи насекаде околу нас и кога поради топлото време природно бараме полесна храна и повеќе течности.
Со оваа диета за само 10 дена можете да ослабите дури до 7 килограми, да го прочистите организмот од наталожените отрови и да го доведете своето тело во топ форма!
Скоро сите диети за слабеење вклучуваат големи количини на овошје и зеленчук кои содржат многу хранливи материи, а имаат мал број на калории. Лубеницата и дињата содржат висок процент на вода, брзо заситуваат, и обезбедуваат доволна количина на течности, неопходни за организмот, посебно во топлите летни денови. Дињата е познат диуретик, содржи мала количина на шеќер, богата е со витамини А, Б и Ц, влакна кои помагаат да се чувствуваме сити, калиум, калциум, магнезиум и фосфор. Лубеницата исто така содржи голем процент на вода, незначително повеќе шеќери од дињата, богата е со витамини А, Ц, Б1 и Б6, антиоксиданси, како и со калиум и магнезиум. Поради благиот вкус претставува одлична замена за чоколади и слатки во диетите за слабеење.
Диетата со диња и лубеница се состои од 3 главни оброци и 2 ужини, кои се исти секој ден. Исто така, треба дневно да се внесуваат најмалку 2 литри вода. Можат да се пијат и свежи овошни сокови без шеќер.
Диетата може да се спроведува како диета со лубеница и диња или пак со само едно од овие две овошја (доколку не јадете некое од двете), а резултатите ќе бидат слични.
План за исхрана
Ужина (по појадокот и по ручекот): парче ладна диња или лубеница
1 ден
Појадок: чаша зелен чај, парче црн леб, половина виршла, еден резен лубеница
Ручек: супа од зеленчук, 60 г. печено пилешко месо, печен компир, зелена салата со лажичка маслиново масло
Вечера: половина колбас, парче црн леб, салата по избор со лажичка маслиново масло
2 ден
Појадок: чаша чај со млеко, парче црн леб, 30 гр. пилешки гради, еден резен лубеница или диња
Ручек: бистра супа, 80 г. печена риба, печен компир, салата од домати со лажичка маслиново масло
Вечера: чорба од 60 гр. полешко месо и зеленчук по желба, едно парче црн леб
3 ден
Појадок: чаша зелен чај, парче црн леб, лажичка паштета, еден резен диња
Ручек: говедска супа со јајце, тестенини со 30 гр. месо, зелена салата со лажичка маслиново масло
Вечера: 60 гр. мелено месо со зеленчук, ориз, моркови, грашок
4 ден
Појадок: чаша чај со млеко, парче црн леб, лажичка путер, лажичка мед, еден резен лубеница
Ручек: чорба од спанаќ, рижото со 60 г. месо, моркови, грашок, зелена салата со лажичка маслиново масло
Вечера: салата од месо (60 гр. говедско месо, варен компир и карфиол, лажичка маслиново масло)
5 ден
Појадок: чаша зелен чај, парче црн леб, половина виршла, сенф, еден резен диња
Ручек: 30 г. печено пилешко месо, обарена боранија, парче црн леб
Вечера: гулаш со компири и 50 гр. говедско месо, зелена салата со лажичка маслиново масло
6 ден
Појадок: чаша чај со млеко, парче црн леб, 40 гр. посна шунка, еден резен лубеница или диња
Ручек: говедска супа, 60 гр. динстана јунешка шницла, прилог од зеленчук, салата со лажичка маслиново масло, парче црн леб
Вечера: салата од месо и зеленчук (60 гр. варено пилешко или јунешко, зеленчук по желба)
7 ден
Појадок: јогурт со ниска масленост, парче црн леб, парче сирење, еден резен лубеница или диња
Ручек: зелка со 60 гр. јунешко месо, парче црн леб
Вечера: две виршли, сенф, зелена салата со лажичка маслиново масло
8 ден
Појадок: чаша чај со млеко, парче црн леб, 30 гр. пилешки гради, еден резен лубеница или диња
Ручек: супа од зеленчук, 60 г. варено говедско, пире од компири, салата со лажичка маслиново масло
Вечера: половина колбас, сенф, парче црн леб
9 ден
Појадок: чаша зелен чај, парче црн леб, лажичка путер, лажичка мед, еден резен лубеница
Ручек: бистра супа, печена риба, обарен спанаќ, парче црн леб
Вечера: салата од месо (60 гр. говедско месо, варен компир и морков, лажичка маслиново масло)
10 ден
Појадок: јогурт со ниска масленост, парче црн леб, парче сирење, еден резен диња
Ручек: бистра говедска супа, 60 гр. динстана јунешка шницла, обарен карфиол, обарен морков, парче црн леб
Вечера: макарони со сирење, зелена салата со лажичка маслиново масло.