Диети

Кратка и слатка диета со јагоди – минус 3 килограми за само 4 дена

Реклама
Реклама

ТРЕТ ДЕН

Појадок: овесна каша со сто грама јагоди исечени на кругови, половина банана и половина децилитар сок од јаболки.

Маркетинг

Ужина: Коктел од 1 децилитар нискокалоричен јогурт, 100 грама јагоди и една лажичка мед.

Ручек: 200 грама јагоди, а потоа варен карфиол. Обарете во вода една помала главица карфиол, потоа премачкајте ја со лажичка путер и посипете со 30 грама ситно исечкана шунка.

Маркетинг

Ужина: Коктел од по 1 децилитар сок од јагоди и сок под портокал со лажичка мед.

Вечера: Пире од варен морков и варен компир. Додадете и млеко за да ја добиете саканата густина, малку вода и малку масло. Убаво измешајте и ставете го во огноотпорен сад и врз него ставете домати исечени на кругови и пиперки исечени на ленти. Посипете со лажичка пармезан и додадете босилек или оригано. Печете во рерна 15 минути. Послужете го со густ сок од еден домат и 100 гр. јагоди. По желба можете да додадете и малку бибер за подобар вкус.

ЧЕТВРТ ДЕН

Појадок: две парчиња интегрален леб со намаз од немасно сирење и 50 грама јагоди.

Ужина: Мултивитамински коктел од 1 јаболко, 1 портокал и 100 грама јагоди. Додадете и 1 лажичка мед и се убаво измиксајте.

Ручек: Риба. Најдобро е да изберете пастрмка и да ја динстате на тивок оган со една главица кромид, магдонос и лимон.Откако ќе биде готова можете да додадете 50 гр. јагоди исечени на кругови и малку сенф. Прилог зелена салата со маслиново масло и лимон.

Ужина: Коктел од 150 грама јагоди, една лажичка мед, сок од еден лимон, еден децилитар вода, а по желба може и половина децилитар немасен јогурт.

Вечера: Салата. Испечете еден поголем компир со лушпа. Во блендер ставете еден морков, пиперка, листови целер и сок од еден лимон и мешајте додека не добиете густа паста. Одделно убаво измешајте 50 грама исечкани јагоди, 50 грама немасно сирење и 1 дл. јогурт за пак да добиете паста, но малку поретка. Излупете го компирот и прелијте го прво со првиот, погустиот намаз, па потоа и со вториот, пореткиот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2
Back to top button