Диети

Кратка и слатка диета со јагоди – минус 3 килограми за само 4 дена

Реклама
Реклама

Ако сте љубители на јагоди а воедно и сакате да се ослободите од некој килограм, можете да ја пробате диетата со јагоди со која за 4 дена ќе се ослободите од 3 килограми и тоа без дополнителни физички активности.

Диетата е кратка и слатка и нема никаква причина зошто да не ја испробате. Придржувајте се на планот на исхрана и веќе за 4 дена ќе изгледате и ќе се чувствувате подобро.

Маркетинг

Јагодите се исклучително богати со витамин Ц и неприкосновен лидер по содржината на фолната киселина. Исто така, јагодата е одличен антисептик и се користи за третирање на проблеми со непцата и респираторните проблеми, покачениот крвен притисок, како и одлично средство против стресот и напнатоста.

Кафе може да се пие само две шолји дневно и тоа без шеќер и со чаша вода.

Маркетинг

Ако работите од 8.30 – 16.30 најдобро ќе биде да ја започнете диетата во петок за да го искористите викендот кога сте дома и имате повеќе време за подготовка на оброците.

ПРВ ДЕН

Појадок: Овошна салата. Земете 250 грама јагоди, убаво измијте ги и исечете ги на парчиња. Исечете половина јаболко и половина банана на парчиња. Измешајте го овошјето во еден голем сад и додадете една лажица мед .

Ужина: Шејк. Земете 100 гр. јагоди и 1 децилитар млеко, додадете половина лажичка мед и 50 мл. вода, и сите состојки убаво измиксирајте ги или изблендирајте ги. Ќе си обезбедите многу енергија со малку калории, а чувството за глад ќе исчезне.

Ручек: Салата.

Потребно ви е следново:

-150 грама јагоди
-1 парче мискиркини или пилешки гради
-100 грама краставица
-300 грама шпаргли (ако најдете)
-10 грама магдонос
-20 грама мелени ореви
-1 лажичка сок од лимон
-6 лажици чорба од зеленчук или вода
-1 лажичка маслиново масло

Подготовка: исчистете ги шпарглите, исечете на парчиња и сварете ги за убаво да омекнат. Исечете ги и јагодите, краставицата и пилешките гради на парчиња и се убаво измешајте во голем сад. Направете сос од лимонот, чорбата од зеленчук и маслиновото масло и прелијте. На крај посипете со мелените ореви.

Ужина: Овошен јогурт подготвен од 100 грама јагоди, 1 децилитар јогурт и лажичка мед.

Вечера: Салата. Измешајте еден поголем варен компир,1 главица ситно исечкан кромид,1 мал сварен целер,1 децилитар јогурт, 50 грама немасно сирење и ливчиња магдонос. По желба зачинете со маслиново масло, соја сос или бибер.

ВТОР ДЕН

Појадок: две парчиња интегрален леб со сирен намаз со низок процент маснотии.

Ужина: Пире. Изгмечете 200 грама јагоди, додадете и други бобинки, 1 лажица путер и 1 лажица мед.

Ручек: Салата. Во голем сад измешајте 100 грама јагоди, половина зелена салата, еден домат, 1 пиперка, 50 грама немасно сирење, половина децилитар јогурт, сок од лимон, сол по вкус и парчиња интегрален тост.

Ужина: Коктел од 1 дл. сок од јагоди, 1/2 дл. сок од ананас и 1 дл. јогурт со ниска масленост.

Вечера: Палачинки со јагоди. Направете палачинки по вообичаениот рецепт и послужете ги со крем од изгмечени јагоди, младо немасно сирење и лажичка мед.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button