Реклама
BEAUTYДиети

Подгответе се во последен момент: Ефикасна диета со јаболка која трае САМО три дена

Реклама

Сите веќе знаеме дека јаболките се особено здрави и дека го регулираат варењето. Па, диетата со јаболки е една од најпознатите диети која е безбедна за практикување, токму поради нејзиното кратко траење од три дена, но и поради позитивното дејство кое го има на здравјето.

Во текот на овие денови нема да чувствувате глад, а мал совет е јаболките добро да ги измиете. Не лупете ги затоа што токму во лушпата се кријат најкорисните состојки. Во продолжение погледнете го распоредот за оваа диета до кој би требало да се придржувате доколку сакате видливи резултати.

Маркетинг

Првиот ден за појадок изедете едно парче интегрален леб со малку свежо кравјо сирење и три парчиња јаболко. Ужината може да ви биде еден крекер и една јаболка, додека пак ручекот нешто пообилен – околу 140 грама риби, една јаболка, еден портокал. За вечера подгответе си мал сендвич од интегрален леб со сирење.

zenabik1 cr

Маркетинг

Вориот ден започнете го со појадок од 30 грама овесна кажа, 130 милилитри млеко, малку суво грозје и една јаболка, додека пак за ужина изедете само една јаболка. За ручек подгответе си палачинка која ќе ја наполните со сечени јаболка. Вечерата нека ви се состои од 40 грама ориз промешан со малку банана и една исечена јаболка.

Третиот ден за појадок изедете едно парче леб со малку кравјо сирење, па и јаболка, а за ужина изрендајте една јаболка во 140 милилитри јогурт и додајте малку цимет. За ручек подгответе си 80 грама печени пилешки прсти со една исечена јаболка, една слатка црвена пиперка и малку лимонов сок. Диетата завршете ја со вечера која ќе се состои од салата од една јаболка, суво грозје и немасно сирење.

Во текот на овие три дена не заборавајте да пиете и доволно количество вода. После диетата ќе се чувствувате полесно и посамоуверено.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button