Јаболките го олеснуваат варењето, а содржат многу корисни материи кои ја поттикнуваат работата на имунолошкиот систем, оневозможуваат таложење на масти во јетрата и штитат од карцином.
Јаболките содржат витамини А, Б и Ц и органски киселини како јаболкова, лимонска, мравја и карбонска. Јаболката содржи пектин, кој влијае на намалувањето на калориите и негативното влијание на јаглените хидрати. Пектинот исто така ја регулира и цревната флора. Истражувањата покажуваат дека 25 гр. пектин од јаболки овозможува губење на 0,3 кг. телесна маса дневно.
Врз основа на овие својства на јаболката, составена е диета со помош на која можете многу да ослабите за кратко време. Во текот на диетата треба да се избегнува шеќер и сол. Дозволено е да се пие обична или минерална вода, зелен чај и други растителни чаеви.
ПЛАН ЗА ИСХРАНА
Ден 1 – Јаболки – Се губат 1 до 2 килограми
Појадок: 3 мали или 2 поголеми јаболки помешани со малку сок од лимон. Може да се додаде и една шака ореви.
Ручек: Салата со јаболки, кромид и магданос.
3 големи јаболки се сечат на поголеми парчиња, се додава 20 гр. ситно исецкан магданос и 30 гр. ситно исецкан млад кромид. Одозгора ставете едно варено јајце, иситнето на трошки или изрендано.
Вечера: 3 средно големи јаболки
Ден 2 – Јаболки и ориз – Се губи 1 до 1,5 килограм
Појадок: 1 шолја варен ориз без сол и 3 јаболки
Ручек: јаболки и ориз
Јаболките се мијат, се лупат и се сечат на парчиња. Се преливаат со топла вода и се оставаат да омекнат. Се додава сок од лимон и кора од лимон. Оризот се вари одделно. Потоа јаболките и оризот се пасираат заедно за да се добие една чинија каша.
Вечера: варен ориз без сол
Ден 3 – Јаболки и сирење – Се губат до 2 килограми
Појадок: 2 јаболки и половина шолја немасно свежо сирење
Ручек: јаболките се сечат на тенки парчиња и се потопуваат во малку вода со сок од лимон. Немасното сирење се меша со 2 лажички мед и неколку ореви, па се додава на јаболките.
Вечера: 50 гр. немасно кравјо сирење
Ден 4 – Јаболки и моркови – Се губат до 2 килограми
Појадок: 2 големи моркови и 1 големо јаболко се рендаат и се јадат заедно.
Ручек: Салата од моркови и јаболки
1 јаболко и 1 морков се мијат, лупат и сечат на парчиња, се додава мала лажичка мед и малку лимон.
Вечера: 2 печени јаболки и 1 лажица мед
Ден 5 – Моркови и цвекло – Се губат до 2 килограми
Појадок: 1 варен морков и 1 варено цвекло
Ручек: 1варено јајце и 1 варено цвекло, од кои се прави каша
Вечера: моркови во неограничени количини со додаток на шеќер или мед
Ден 6 – Јаболки – Се губат од 1 до 2 килограми
Истото мени како од првиот ден:
Појадок: 3 мали или 2 поголеми јаболки помешани со малку сок од лимон. Може да се додаде и една шака ореви.
Ручек: Салата со јаболки, кромид и магданос.
3 големи јаболки се сечат на поголеми парчиња, се додава 20 гр. ситно исецкан магданос и 30 гр. ситно исецкан млад кромид. Одозгора ставете едно варено јајце, иситнето на трошки или изрендано.
Вечера: 3 средно големи јаболки
Ден 7 – Јаболки и ориз – Се губат од 1 до 1,5 килограм
Истото мени како од вториот ден:
Појадок: 1 шолја варен ориз без сол и 3 јаболки
Ручек: јаболки и ориз
Јаболките се мијат, се лупат и се сечат на парчиња. Се преливаат со топла вода и се оставаат да омекнат. Се додава сок од лимон и кора од лимон. Оризот се вари одделно. Потоа јаболките и оризот се пасираат заедно за да се добие една чинија каша.
Вечера: варен ориз без сол
Доколку во текот на диетата, во кој било момент почувствувате глад, можете да ја зголемите количината на јаболки што ќе ја изедете.