Реклама
Секс

Диета со домати – минус 3,5 килограми за само една недела!

Реклама

Со диетата со домати можете да се ослободите од околу 3,5 килограми за само една недела!

Маркетинг

Сокот од домати го забрзува процесот на слабеење и топењето на масните наслаги.

Американските нутриционисти открија еден крајно едноставен рецепт за успешно ослободување од вишокот на килограми. Имено, тие препорачуваат воведување на сок од домати во исхраната, со што за три до четири пати се зголемуваат шансите за топење на наталожените маснотии. Спроведениот експеримент покажал дека луѓето кои во планот за исхрана внеле сок од домати успеале да изгубат 3,5 килограми за само седум денови!

Можете да пиете сок од домати кој ќе го подготвите сами дома или купечки (но со помал процент на натриум) и ќе имате бројни придобивки за вашиот организам. Истражувањата покажуваат дека сокот од домати помага во снижувањето на холестеролот и високиот крвен протисок, покрај снабдувањето на организмот со витамини и минерали и подобрување на општата здравствена состојба. Постојат неколку причини поради кои сокот од домати во комбинација со лесна диета дава толку добри резултати во симнувањето на вишокот килограми и топењето на масните наслаги:

Маркетинг

Диетата со домати ја има користено и Бијонсе…

1. Чаша сок од домати содржи само 50 калории, но содржи големи количини на хранливи материи кои придонесуваат организмот да се засити и да не се внесуваат дополнителни калории.
2. Сокот од домати е богат со витамин Ц кој го помага процесот на топење на мастите. Луѓето кои за време на диета внесуваат доволни количини на витамин Ц топат до 30% повеќе масни наслаги!
3. Сокот од домати помага во прочистувањето на организмот, го зголемува излачувањето на вода од организмот и го регулира варењето, што е многу важно кога се трудите да ослабите.

Диетата со домати вклучува три главни оброци и една ужина со вкупна дневна калориска вредност од 1300 калории. За секој оброк изберете една од предложените комбинации.

Секој ден пред ручек задолжително се пие една чаша сок од домати!

Појадок

– шејк од 1 чаша јогурт со ниска масленост и 1 чаша бобинки, 2 тоста од интегрален леб, 2 лажички џем (по можност без додадени шеќери)
– 2 поширани јајца, 2 парчиња немасно сирење, 1 помала интегрална кифла, 3/4 чаша парчиња диња
– 50 гр. галети од интегрално брашно, 1 лажичка путер од кикиритки, половина банана, 1 чаша млеко со ниска масленост.

Ручек

– половина конзерва туна (во вода), 2 лажици лајт мајонез, половина чаша зелена салата и домати, 1 парче интегрален леб, 10 мали моркови, 1 чаша јогурт со ниска масленост, половина чаша јагоди
– 1 чаша овошје, половина чаша нискокалорично сирење, 8 интегрални крекери
– 60 гр. мисиркино месо, 1 парче немасно сирење, зелена салата, 1 лажица лајт мајонез, половина интегрална кифла, 2 чаши мешана салата, 2 лажици немасно крем сирење, 1 лажица бадеми, 2 лажици немасен прелив за салата

Вечера

– лесна плескавица (75 гр. месо), 1 парче немасно сирење, 2 лажици сенф, зелена салата, домати, интегрална земичка, 1 чаша зеленчук на скара, 1 лажица маслиново масло
– 110 гр. лосос или тофу на скара со по една лажица соја сос и маслиново масло, 1 чаша интегрални тестенини со 1 чаша обарена брокула, 1 лажица немасен прелив
– 75 гр. пилешки гради на скара, 1/4 чаша леблебија, 3 чаши мешана салата, 2 лажици лесен прелив и една интегрална кифла

Ужина

– половина мафин од интегрално брашно, 2 лажици путер од кикиритки
– кесенце ореви (до 100 калории)
– парче свежа диња
– 30 гр. немасно сирење, 3 интегрални крекери
– 110 гр. лајт пудинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button