Оваа диета стана многу популарна во цел свет откако во Јапонија излезе книга во која е опишана приказната на Јапонецот Хитоши Ватанабе кој со помош на оваа диета изгубил цели 18 килограми за само неколку месеци.
Диетата стана многу популарна бидејќи за неа не се потребни никакви посебни планови за исхрана, продукти или оброци.
Едноставно, појадокот се заменува со банани и млака вода. И тоа е тоа. Комбинацијата на банани и вода на собна температура доведува до забрзување на метаболизмот и затоа за ручек и вечера може да се јаде омилената храна, а организмот и понатаму ќе ги топи килограмите.
Незрелите банани содржат и скроб кој заситува, така што лесно ќе го пребродите утрото, а водата на собна температура го подобрува варењето.
Главното правило на диетата: Појадокот се состои само од банани и вода. Можете да изедете една поголема или 2 средни банани кои треба да бидат свежи и не многу зрели, а водата треба да биде на собна температура.
За ручек и вечера се јаде нормално. Сепак, се препорачуваат неколку правила кои ќе ви помогнат побрзо да се ослободите од вишокот килограми во текот на диетата:
1. Најдобро е да престанете со оброкот пред целосно да се заситите. Треба да имате чувство дека барем една петина од желудникот ви е празна. 2. Најдобро е вечерата да биде околу 18 часот, а најдоцна до 20.00. Ако по вечерата почувствувате глад изедете некое овошје или мусли и јогурт. 3. Исклучете ги десертите од оброците. Ако ви се јаде благо земете некое овошје. 4. Пијте многу вода и други течности. Се препорачува да се пие вода на собна температура во помали голтки. Не пијте вода 30 минути по оброкот. 5. Помеѓу оброците можете да пиете чај, кафе или сок. Повремено можете да се почестите и со алкохол!
И што е најинтересно од се: физичката активност не е задолжителна.