Конечно една навистина слатка диета во морето досадни еднолични диети!
Диетата со банани е лесен и вкусен начин брзо да се ослободите од вишокот килограми. И што е најинтересно од се, нема да се чувствувате депресивни и тажни бидејќи бананите го поттикнуваат производството на серотонин, познат како „хормон на среќата“.
Многу луѓе се плашат да јадат банани бидејќи се уверени дека бананите дебелеат поради големото количество шеќер што го содржат. Навистина, бананите се богати со шеќер но тие можат да поттикнат дебелеење само кај луѓето кои не водат сметка за својата исхрана и посебно ако се комбинираат со масти и масна храна. Масната храна се акумулира во масните клетки доколку се комбинира со блага храна, како бананите. Според тоа, се додека го контролирате внесот на масна храна, можете слободно да уживате во ова прекрасно вкусно овошје, без никаква грижа на совеста и без страв дека ќе се здебелите. Можете само да ја подобрите состојбата на организмот бидејќи бананата го помага варењето на храната, ги отстранува отровите од телото и ја прочистува кожата. Бананите се богати со калиум, Б витамини и магнезиум, а не содржат масти и холестерол. Добри се за срцето и коските, нервниот систем, бубрезите, го подобруваат расположението и го зајакнуваат имунитетот.
Диетата со банани ја има во две варијанти, пократката трае три, а подолгата варијанта седум денови. И двете ветуваат брзо ослободување од несаканите килограми за кратко време.
Диета со банани – 3 дена
Секој ден се јадат 3-5 банани и се пијат 3-4 чаши млеко со многу ниска масленост. Ако не ви се допаѓа млекото, можете да го замените со бадемово млеко, кое е многу популарно во последно време, или пак со јогурт, исто така со ниска масленост. Можете да ги консумирате одвоени или да направите шејк, во кој можете да додадете и неколку коцки мраз па ќе добиете вистински освежителен пијалак!
За овие 3 дена на диетата со банани можете да изгубите до 3 килограми.
Диета со банани – 7 дена
Секој ден од диетата се јадат до десет банани со средна големина, две варени јајца и се пие зелен чај без шеќер, колку сакате. Јајцата се јадат за да се внесат потребните протеини во организмот, кои недостасуваат кај бананите. Леб и алкохол се строго забранети!
Со оваа диета можете да изгубите дури 6 килограми и воедно да го прочистите организмот од отрови.
По завршувањето на диетата постепено се враќајте на нормална исхрана за да не ви се вратат изгубените килограми. Три-четири дена не јадете мрсни и преработени намирници, шеќер и алкохол. Исхраната нека ви се состои главно од овошје и зеленчук, вклучително и банани, постепено воведувајќи друг намирници и зголемувајќи ја количината на храна што ја внесувате.