Планот на диета со 3 јаболки на ден го има осмислено американската нутриционистка Теми Флин.
Таа забележала дека нејзините клиенти кои пред оброк изедат едно јаболко, губат на тежина без да ги менат навиките во исхраната. После тоа следело експериментирање и обид сличен метод да се примени и кај другите клиенти и резултатите биле и повеќе од добри. Со самото јадење на една јаболка пред секој оброк клиентите во просек губеле по 1 килограм неделно. Сево ова ја охрабрило Теми и таа настојувала од овој факт да извлече што е можно повеќе: креирала и помошен диетен план кој поттикнува уште поголемо губење на тежина, план кој е познат како Диета со јаболки или Диета од 3 јаболки.
Основи на Диетата со јаболки:
Оваа диета подразбира консумирање на една јаболка пред секој главен оброк. Идејата е влакната со кои е богато јаболкото, може лесно да го заситат човек и затоа ќе му биде потребно помалку храна за оброк, а по пат ќе му се намали и желбата за благо.
Лицата кои се на оваа диета се поттикнуваат да земаат доста овошје и зеленчук и така да го намалат вкупното внесување на калории, а да не чувствуваат глад. Со ваквата исхрана може на здрав начин да загубите и до 4 килограми неделно.
Препорачана исхрана:
Јаболка, сирење со ниско ниво на масти, јогурт, јајца, пилешки гради, мисиркино месо, риба, посно говедско, овес, ориз, брокула, зелена салата…
Пример за мени:
Појадок: Јаболка, Омлет со сирење со ниско ниво на масти, Шолја варен овес.
Претпладневна ужина: Парче сирење со ниско ниво на масти, Шолја јогурт со ниско ниво на масти.
Ручек: Јаболко, Печени пилешки гради (стек), 2 шолји варена брокула, Шолја темен ориз.
Вечера: Јаболка, Печена риба, Зелена салата.
Препораки за вежбање:
Се препорачува комбинација на лесен тренинг со тегови и кардио вежби, 3 – 4 пати неделно, минимум 30 минути.
Добрите страни на оваа диета се што како што рековме, јаболката создава чувство на ситост и ја намалува можноста од прејадување. Потоа диеталните влакна помагаат во снижувањето на холестеролот, спречува срцеви заболувања и одредени врсти на рак. Оброците се балансираат со немасни протеини, сложени јаглехидрати, овошје и зеленчук и ја охрабрува физичката активност.
Некои од причините поради кои за некои луѓе не се препорачува оваа диета е што може да ви стане досадно пред секое јадење да консумирате јаболко и се елиминираат намирниците на кои е навикнат секој просечен човек. А оваа диета може да им биде тешка за следење на вегетаријанците, доколку сакаат да го почитуваат планот во целост.