Сигурно до сега сте слушнале како ви велат дека не можете да ослабите „преку ноќ“, но верувале или не, постои диета која се вика токму така – трае две недели во текот на кои можете да изгубите 4 килограми без никакви поголеми одрекувања.
Оваа диета која е хит во Америка ја стекна својата популарност бидејќи дава одлични резултати. Станува збор за план за исхрана кој цели 25 години го проучувала и составувала докторката Керолин Аповиан која работи како нутриционистка во Бостон.
Диетата „преку ноќ“ е всушност многу едноставен начин на исхрана, без гладување и одрекување од омилената храна. Трае само две недели во текот на кои се губат 4 килограми.
Диетата е осмислена така што првенствено ги храни мускулите. Ригорозните диети придонесуваат за слабеење на мускулите и намалување на енергијата. По прекинот на гладувањето телото почнува да трупа залихи од храната во форма на масни наслаги и настанува таканаречениот јо-јо ефект. Прво слабеете, а потоа брзо ја враќате изгубената тежина. Токму поради тоа докторката укажува дека е многу важно прво да се нахранат мускулите со протеини, бидејќи тие ја играат најважната улога во согорувањето на маснотиите и ослободувањето на енергијата.
Диетата се состои од 2 дела
Првиот дел се однесува на три вкусни, густи и здрави пијалоци на основа на свежo овошје и зеленчук. Овие пијалоци се пијат во текот на целиот ден во кој организмот се одмара од цврстата храна. Најдобро е овој ден да биде во недела кога сте дома и можете лесно да ги набавите потребните продукти и да ги подготвите пијалоците. Тие лесно се варат и преполни се со витамини и минерали, така што ќе ги примите сите потребни хранливи состојки.
Можете да правите комбинации од неколку различни вкусови:
1. Појадок од овошје, темно чоколадо и јаткасти плодови
2. Ручек надополнет со пијалок од овошје и зеленчук
3. Вечера по избор, во зависност од вкусовите кои најмногу ви се допаѓаат
II.
Останатите 6 дена треба да се придржувате на здрав режим на исхрана кој вклучува поголеми количини на протеини во форма на месо, риба и јајца кои ги хранат мускулите и обезбедуваат високо ниво на енергија потребна за согорување на маснотиите.
Совет плус:
Во оваа диета можете да јадете и јаглехидрати, како компири, тестенини и ориз, кои најчесто се забранети во ваквите типови на диети. Обидете се да јадете многу овошје и зеленчук, да правите интересни комбинации со храната и задолжително јадете салата со главниот оброк.
По завршувањето на првата недела уште еднаш ја повторувате постапката додека да ги изгубите килограмите што ви сметаат. Ако сакате постојано да се придржувате на ваквиот режим на исхрана, се препорачува во текот на течниот ден да воведете и еден или два цврсти оброци.
Диетата е позната под името „Диета преку ноќ“ и овозможува губење на несаканите килограми на здрав и брз начин, како и низа позитивни придобвки како намалено чувство на глад, помала потреба за благо, подобро расположение, повисоко ниво на енергија кое ќе ви овозможи повеќе движење и активности, и подобар сон.