Ако имате потреба експресно да изгубите неколку килограми пред некој важен настан, ова е вистинската диета за вас, бидејќи овозможува да се храните здраво додека настојувате да ослабите.
Авторите на диетата велат дека килограмите нема да ви се вратат, секако, ако внимавате на исхраната по завршувањето на диетата.
Се препорачува да пиете што е можно повеќе вода. Обидете се да јадете секој ден во приближно исто време и потрудете се вечерата да ви биде порано.
Диетата трае 10 дена.
Најдобро е тоа што сами си правите план на оброците според вашите желби и потреби. Во текот на диетата треба исто така и да вежбате за побрзо да се ослободите од наталожените маснотии. Треба убаво да се испотите, на пример со трчање, брзо одење или возење на велосипед. Без физички активности нема да се постигнат саканите резултати.
Се препорачува да јадете различни овошја, бидејќи секој вид на овошје содржи различни состојки кои му се потребни на вашиот организам за нормално да функционира.
Истото се однесува и на зеленчукот кој можете да го јадете свеж, варен или динстан – некои видови зеленчук содржат антиоксиданси, други влакна кои го помагаат варењето, трети големи количини на витамини и минерали. Овошјето и зеленчукот исто така ќе ви помогнат да ја подобрите состојбата и на кожата.
Ако сте гладни меѓу оброците можете да јадете јаболка. Ако се чувствувате слабо и изнемоштено, зголемете ги оброците за една третина или прекинете со диетата.
Се препорачува храната да биде што поразновидна – морков, домати, краставици, зелена салата и сл. Од зеленчукот можете да си правите и супа. Јадете многу овошје, сите видови, а најмногу за оваа диета се препорачува јаболка, јагоди, цитрони, малини и папаја. Ова овошје помага во топењето на маснотиите, но исто така ве снабдува со потребните витамини. Исто така, освен овошје и зеленчук, можете да јадете и јогурт со мусли.
Во текот на диетата се строго забранети лебот, тестенините, месо, сирење и благо.
Секој ден морате да имате четири главни оброци – појадок, ручек, ужина и вечера. За секој оброк се јаде една шолја (од 2 dcl) свеж зеленчук и една шолја овошје. Можете да јадете и супа од зеленчук или мешана салата, која се зачинува со сок од лимон.
Премини на следната страна >>