Диети

Диетата и вежбите на Моника Белучи

Реклама
Реклама

Диетата на Моника Белучи не е многу комплицирана, едноставно се базира на контрола на порциите, односно контрола на количината на храна што ја внесува.

Моника Белучи по потекло е Италијанка, но живее и работи во Франција. Нема потреба да даваме многу објаснувања за оваа актерка и модел, бидејќи едноставно е позната низ целиот свет. Многумина ја сметаат за осмо светско чудо бидејќи нејзината италијанска убавина наликува на ренесансно уметничко дело, таа е висока, со бел тен, раскошна, сензуална, со совршени црти. Освен што е многу убаво, таа е и природно витка. Па, да видиме како оваа прекрасна секси жена го одржува своето тело во форма.

Маркетинг

Диетата на Моника Белучи не е многу комплицирана, едноставно се базира на контрола на порциите, односно контрола на количината на храна што ја внесува. Поточно, таа не се придржува на некој посебен режим на исхрана, јаде се што ќе посака и кога ќе посака, но во умерени количини. На овој начин, таа го одржува своето витко тело, и истовремено, не се чувствува лишена од омилената храна.

Маркетинг

Многу жени во Европа се придржуваат на ваков начин на исхрана, и што е поинтересно, најчесто избираат здрава храна за своите оброци, секако, повремено дозволувајќи си „забранети задоволства“. Моника за себе вели дека не е дебела, но не е ни слаба. „Јас сум заоблена и сакам да јадам и уживам во животот. Нема никаква тајна во тоа.“

Што се однесува до вежбањето, Моника џогира и вежба јога. Исто така, благодарение на сопругот, Винсент Касел, кој ги сака контактните спортови, и во програмата за вежбање на Моника се вклучени контактни спортови како кик-бокс и капуера. Моника плива по 45 минути 4 пати неделно, и тврди дека ова е најдобриот начин за одржување на линијата. Пливањето е вежба за целото тело и претставува кардио вежба со која се трошат од 300 до 600 калории на час. Одличен избор за физичка активност за сите генерации, дури и за постарите и за луѓето со повреди. 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button