Атрактивната холивудска актерка никогаш не имала проблеми со вишок килограми, но после раѓањето таа го променила режимот на исхрана, како би ја повратила витката линија.
Ова е петодневна диета по нејзин распоред, па вие обидете се и пробајте ја дали ги дава посакуваните резултати.
Анџелина Џоли отсекогаш тренирала интензивно и затоа не треба да ве чуди што нејзиното мени е секогаш обемно и содржи многу шеќер. На луѓето кои се бават со спорт, секогаш им е потребен многу повеќе шеќер, затоа што од нив ја црпат енергијата, а протеините, кои исто така ги има доста во менито на Енџи, ги одржуваат мускулите во кондиција!
Па така, доколку не сте вистински спортист, од вечерните оброци исфрлете го месото или зеленчукот.
1 ден:
7ч. – 50 грама овесни снегулки, 250 милитри млеко со 1,6 отсто маст.
10ч. – банана, палачинки со мермелад.
13ч. – 150 грама лосос, 50 грама грашок.
16ч. – 30 грама мусли, 2 децилитри цеден сок од портокал.
19ч. – 130 грама пилешки гради печени во рерна со 100 грама компири, домати и сок од лимон.
2 ден:
7ч. – 125 грама овесни снегулки, 2 децилитри млеко, 125 грама банани.
10ч. – парче интегрален леб, 75 грама сардини во масло, 2 децилитри сок од грозје.
13ч. – 75 грама пилешко, 75 грама печени компири, 175 грама варена брокула.
16ч. – 115 грама посни крекери.
19ч. – 125 грама месо по избор, 200 грама компири со лушпа, салата од шампињони и домати.
3 ден:
7ч. – Изматете 80 грама банани, 60 грама изрендани јаболки и 350 грама милилитри млеко.
10ч. – 125 грама грав во сос од домати, парче интегрален леб, јаболко.
13ч. – 125 грама лигни, 50 грама ориз.
16ч. – 2 диетални бисквити, крушка.
19 ч. – 75 грама печено свинско месо, 2 домати – запечени на скара, 200 грама сутлијаш со лажица мед.
4 ден:
7ч. – 50 грама пченични снегулки, 250 милитри млеко со 1,6 отсто масти.
10ч. – омлет со 2 јајца, 50 грама сирење, домати, интегрален сос.
13ч. – 125 грама динстувано мелено месо, 75 грама шпагети, печена јаболка, 25 грама суво грозје.
16ч. – 33 грама муслии, банана.
19ч. – 125 грама готвена димена шунка, 25 грама грашок, 25 грама клас од пченка, 25 грама моркови, 50 грама варен компир, 100 грама овошје.
5 ден:
7ч. – 60 грама муслии, 60 грама изрендани јаболка, 200 грама млеко со 1,6 отсто масти.
10ч. – парче црн леб, 40 грама младо сирење, 65 грама домат на скара.
13ч. – 190 грама тестенини во доматен сос, 125 грама на скара печени пилешки гради.
16ч. – јаболко, лажица мед.
19ч. – 140 грама говедско на скара, 175 грама варен компир, 125 грама салата од мешано овошје.