11. Направете 2 ражничи од цветови на карфиол, црвена пиперка, печурки и кромид и печете на скара, на тивко, додека зеленчукот не поцрни. Сервирајте со спанаќ прелиен со една лажица кисела павлака.
12. Една средна чинија леќа или супа од зеленчук, сервирана со шака стапчиња од моркови потопени во 2 лажици оцет од диви јаболки.
13. Салата од целер и краставици прелиена со 150 гр. туна од конзерва измешана со 2 лажици мајонез со ниска масленост.
14. Три парчиња шунка или вегетаријански колбас убаво испечен на скара, сервирано со 1 шака целер и краставици прелиени со 100 гр. маринирани краставички.
15. 75 гр. нискомасно сирење, 10 зелени маслинки и 1 парче домат.
16. Каша од грав (100 гр.) или путер од боранија со 50 гр. нискомасно швапско сирење и прстофат чили. Сервирајте со 2-3 шаки моркови и целер исечени на парчиња.
17. Мисо супа подготвена со 50 гр. свежо тофу (сирење од соја), 2 листа суви алги искинати на парчиња и 2 парчиња ситно исечкан млад кромид.
18. Половина авокадо прелиено со 75 гр. туна од конзерва измешана со 1 лажица нискомасен мајонез.
19. 75 гр. какво било нискомасно сирење со 3 шаки грозје.
20. 100 гр. вегетаријанска паштета со 1-2 шаки парчиња целер.
21. Три ќофтиња (секое по околу 50 гр.) од соја и зеленчук пржени на тефлон.
22. 100 гр. каква било риба на жар, сервирана со 2 лажици печен зеленчук, покриен со 1 лажица рендано тврдо сирење.
23. Салата од 1 јаболка и 100 гр. варено цвекло, прекриени со 50 гр. фета сирење или моцарела.
24. Издинстајте 100 гр. ленти од немасно телешко или свинско во тава со малку масло. Пред да го извадите од тавата додајте 1 лажица сладок чили сос. Сервирајте со салата од краставици, млад кромид и домати.
25. Испечете на скара 100 гр. пилешки гради. Посипете ги со 1 лажица соја сос (или растителен зачин) и сервирајте со домати на скара и неограничена количина на спанаќ на пареа.
Значи, ако ве мрзи да броите и собирате калории, а сакате често да си грицкате по нешто, тогаш ова е идеална диета за вас! Сé ви е однапред испланирано, на вас е само да реализирате. И што е најважно, нема да ви фалат никакви хранливи материи, освен ако не изберете пет дена за сите пет оброци да јадете исто! А тоа тешко да се случи при ваква богата понуда …