План на исхрана
Планот е многу едноставен. Пет пати дневно треба да изберете и консумирате еден од наведените 25 мини оброци. Можете да изберете што сакате, но морате да имате пет оброци дневно. Секој следен пат можете да избирате нешто друго или да ги повторувате оброците, како сакате, но важно е да јадете на секои два-три часа.
Исто така, со секој оброк треба да земате и чаша вода, растителен чај или кафе или некој диетален напиток. Доволната хидратација на телото го зголемува согорувањето на калориите до 20% дневно и навистина нема поедноставен начин да останете витки.
Придржувајте се на овој едноставен и здрав план на исхрана две недели и можете да очекувате да ослабите за еден конфекциски број, односно по 14 дена да бидете 5 – 7 килограми полесни.
Премини на следната страна >>