Хроно диетата е многу популарна низ целиот свет, бидејќи овозможува нормално да јадете а сепак да слабеете.
Измислена е во Франција уште во 1986 година, но дури во денешно време го достигнува својот подем, воодушевувајќи ги жените ширум светот.
Олеснителна околност е тоа што не се бројат калории и не се мери количината на внесена храна, но сепак мора да се води сметка за времето во кое јадете и за правилното комбинирање на храната.
Основното правило е дека растојанието помеѓу оброците треба да биде најмалку четири, а најмноу шест часа, во идеален случај на средина – пет часа.
За појадок е дозволено да се јаде секаков вид на храна: јаглехидрати, протеини, масти. Сепак, треба да се избегнува пченица и пченка. Дозволени се сите други житарки и брашна од нив: јачмен, рж, хељда, овес и т.н.
Можете да јадете дури и сувомеснати производи, но потрудете се да најдете домашни, за да ги избегнете адитивите.
За ручек се препорачува да јадете протеини како јунешко, телешко или јагнешко месо, но без јаглехидрати, односно леб. Ако се определите да јадете јаглехидрати, тогаш не јадете протеини, туку јадете ги со зеленчук. Исто така, треба да јадете што е можно повеќе зеленчук, најдобро во облик на салати.
За вечера исто така се јаде протеин, но полесен, како бело месо или риба. Понекогаш можете со салатата да јадете младо сирење, но откако ќе излезете од фазата на слабеење. За вечера можете да комбинирате само бел и зелен зеленчук.
Благо, вклучително и овошје, се јаде исклучително во попладневните часови, меѓу ручекот и вечерата, никако наутро. Најдобар избор е црно чоколадо со минимум 70 отсто какао, како и суво овошје како суви смокви или сливи.
Ова се основните правила кои треба да се почитуваат. Ова не е класична диета, туку повеќе начин на исхрана, така што намирниците ги бирате сами и ги консумирате и комбинирате врз основа на правилата. Сепак, ако имате проблем со килограмите и треба да изгубите поголем број на килограми за да ја постигнете саканата тежина тогаш треба да го поминете таканаречениот рестриктивен период, кога целосно се исфрлува ужината, заклучно со овошјето бидејќи содржи голема количина на шеќер. Исто така, во текот на овој период, привремено се исфрлаат од исхраната и сите скробни зеленчуци, како и јаглехидратите за ручек.
Сепак, дури и во периодот на рестрикција не треба да се оптеретувате со тоа колку сте изеле количински за оброк, но не треба да се јаде ништо помеѓу оброците. Ова правило важи и по завршувањето на рестриктивниот период.
Извор:hronokuhinja.rs