Оваа диета може да се најде во неколку варијанти, кои во основа се слични, и се заснова на мал внес на калории и еднолична исхрана.
Во диетата има застапено и овошје и зеленчук, така што може да се спроведува без опасности по здравјето. Секако, по диетата се препорачува нормална исхрана, со внесување на сите потребни хранливи материи, во умерени количини. Со оваа диета се губат околу 8 – 10 килограми, во зависност од телесната градба, полот, староста и т.н. Како што е случајот и со повеќето други диети, оние што имаат поголем вишок килограми слабеат побрзо. Исто така, и мажите слабеат побрзо и повеќе од жените.
Диетата не бара многу откажувања и ограничувања, а дава одлични резултати. Па, доколку ве очекува некој важен настан, или пак, доколку едноставно сакате да се подновите со нова гардероба во помала величина, изберете една од понудените варијанти:
ПРВА ВАРИЈАНТА »
1 ден – макарони со сирење или јогурт
2 ден – ориз со сирење или јогурт
3, 4, 5 ден – варено пилешко и салата
6, 7, 8 ден – варено телешко и салата
9, 10, 11 ден – риба со салата (скуша, туна или ослиќ)
12, 13 ден – овошје и зеленчук (свежо или салати)
14, 15 ден – спанаќ или леќа или грашок или боранија
16 ден – компири
17 ден – макарони со сирење или јогурт
18, 19 ден – ориз со сирење или јогурт
20 ден – риба со компири
Сите 20 денови појадокот е ист и се состои од овесни снегулки со јогурт или кисело млеко. Во другите варијанти на оваа диета, овој појадок не е застапен.
Нема ограничувања во количината на храната, така што можете количински да јадете колку сакате од она што го имате на менито за тој ден. Јадете додека не се заситите, не се прејадувајте.
Забрането е внесување на шеќери, газирани сокови и алкохол.
Пилешкото или телешкото, наместо варено, можат да се подготват и на скара, со малку масло.
ВТОРА ВАРИЈАНТА – 21 ДЕН »
1 ден – тестенини (со сирење или јогурт)
2 ден – тава ориз (со сирење или јогурт)
3,4,5 ден – пилешко месо (печено, пржено, варено) со салата (зеленчук по избор)
6,7,8 ден – телешко месо (печено, пржено,варено) со салата (зеленчук по избор)
9,10,11 ден – риба (печена, пржена, конзерва) со салата (зеленчук по избор)
12,13 ден – грав, леќа, боранија, грашок, подготвени на каков било начин
14 ден – компири подготвени на каков било начин и салата по избор
15 ден – зеленчук
16 ден – овошје
17, 18 ден – исто како 1 и 2 ден
19 ден – благо, по избор
20, 21 ден – исто како 1 и 2 ден
ТРЕТА ВАРИЈАНТА – 24 ДЕНА »
1 ден – кесичка макарони со сирење
2 ден – варен ориз, сирење
3, 4, 5 ден – риба со свежа салата
6, 7, 8 ден – пилешки стек, свежа салата
9, 10, 11 ден – свински или телешки стек со свежа салата
12, 13 ден – варен/печен компир, салата
14, 15 ден – телешки стек со салата
16, 17 ден – ориз со спанаќ и сирење
18, 19 ден – зеленчук варен
20, 21 ден – овошје
22, 23 ден – ориз со спанаќ и јогурт
24 ден – благо (слатки, торта)
Диетата за 24 дена може да се најде и во оваа варијанта »
1 ден – кеса макарони со сирење или павлака
2 ден – една чаша варен ориз и парче сирење
3, 4, 5 ден – телешки стек и свежа салата
6, 7, 8 ден – пилешки стек и свежа салата
9, 10, 11 ден – свински стек и свежа салата
12, 13, ден – варен или печен компир со свежа салата
14, 15 ден – телешки стек со свежа салата
16, 17 ден – ориз со спанаќ и сирење (кисело млеко, павлака, јогурт)
18, 19 ден – варен зеленчук (боранија, грашок)
20, 21 ден – свежо овошје од наше поднебје
22, 23 ден – ориз со спанаќ и сирење (кисело млеко, павлака, јогурт)
24 ден – благо (слатки, торта)