Реклама
BEAUTYДиети

Дали сте слушнале за 5:2 диетата? Дознајте како функционира и кои се придобивките од неа

Реклама

Денес има многу диети, а на вас останува да ја одберете онаа која нема да ви наштети. Но, дали сте слушанале за оваа 5:2 диета? За неа се вели дека помага во намалувањето на килограмите, без ризик од појава на болести.

5:2 диетата подразбира наизменично постење, но не плашете се тоа не значи дека ќе останете без храна. Принципот е јадење нормална количина на храна 5 дена во неделата, а другите два дена го намалувате количеството на калории. Останатите два дена калориите треба да бидат 500 за жени и 600 за мажи. На овој начин телото не доживува стрес од диетата постојано и не складира вишок калории. Во деновите кога „гладувате“, организмот гори сѐ што јадете на деновите кога не постите.

Маркетинг

Внимавајте во нормалните денови да не се прејадувате. Откажете се од печива, брза храна и храна која содржи ногу шеќери. Подобро е да преферирате храна со нула калории и ниско-масна храна. Во спротивно нема да имате резултати. Исто така, внимавајте да не дојдете во ситуација да јадете премногу малку. Јадете колку што сакате, но тоа нека биде здрава храна.

Придобивки кои ги нуди оваа диета:

  • Наизменичното постење има позитивен ефект на здравјето. Резултира со намалување на шеќер во крвта и го нормализира холестеролот. Оваа диета помага да се намали ризикот од Алцхајмерова болест, канцер, дијабетес и срцеви заболувања. Се подобрува работата на мозокот и концентрацијата.
  • Намалување на вишок килограми
  • Не постои строго мени, на вас останува да одлучите што ќе јадете
  • Помал е ризикот од развивање психолошки стрес
  • Нема потреба да се откажувате од сите омилени работи

 

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button