Ако веќе некое време се обидувате да се ослободите од вишокот килограми кои ви создаваат главоболки, можеби ќе сакате да пробате еден нов и интересен пристап кој не бара од вас да се одречете од омилената храна.
Овој режим на исхрана се заснова на внесување на големи количини зеленчук во комбинација со доволни количини на протеини. По две недели на диетата ќе го прифатите ваквиот начин на исхрана и нема да ви биде тешко да правите здрави избори и да ја одржувате саканата линија.
Оваа диета дозволува консумирање на сите вообичаени намирници, но акцентот е на зеленчукот. Чинијата тееба да ви биде составена од 2/3 зеленчук по ваш избор и 1/3 протеин по желба, како месо, риба, јајца или соја. Значи, мора да се запази соодносот 2 (зеленчук) спрема 1 (протеин).
Зеленчукот е богат со хранливи материи и влакна кои даваат чувство на ситост и ја поттикнуваат работата на органите за варење, а воедно содржи многу малку калории.
Главниот принцип на ваквиот начин на исхрана е да се консумира повеќе храна што содржи малку калории и да се избегнува претерано солена, блага и мрсна храна.
За да постигнете оптимални резултати, ограничете ја порцијата протеини на 80 грама по оброк и јадете немасно бело месо, печено со многу малку маснотии, риби, богати со омега 3 масни киселини, или вегетаријански замени како печурки или соја, а останатиот дел од чинијата пополнете го соморков, целер, блитва, зелка, краставица, домат или друг зеленчук по ваш избор.
Нутриционистите велат дека за две недели на овој режим на исхрана можете да изгубите и до 5 килограми, а потоа ќе ви стане навика да се определувате за поздрави комбинации на храна.
Извор: Stil