Диети

Диета 10 дена – план за исхрана со кој сигурно ќе ослабите

Реклама
Реклама

Ако случајно не ви се фаќа некој омилен фустан немојте да очајувате.

Со помош на оваа диета за кратко време повторно одлично ќе ви стои. Ќе се чувствувате убаво, ќе бидете задоволни од себе и исполнети со енергија. Вреди да се проба, нели?

Маркетинг

Придобивки од диетата

Во текот на диетата ќе научите како правилно да ги подготвувате оброците и да се храните здраво. По диетата треба да продолжите да внимавате на исхраната и да се исхранувате врз основа на принципите на диетата за да ја задржите саканата тежина. Диетата ќе ви помогне да го зајакнете организмот. Храната која се јаде го снабдува организмот со хранливи материи, вклучувајќи и влакна и антиоксиданси, поради кои ќе се чувствувате полни со енергија и ќе бидете поздрави. Исто така, со оваа диета ќе го забрзате метаболизмот поради тоа што се јадат повеќе оброци во мали порции во исто време и се пие многу вода. На овој начин ќе се чувствувате сити и полесно ќе се ослободите од килограмите.

Маркетинг

Диета со вода: дали оваа диета е навистина добра за губење килограми >>

Правила на диетата

Во текот на диетата најдобро е да ги јадете оброцитево помали чинии, со пречник 17-18 сантиметри. Ова е многу поедноставно отколку да броите калории. Сепак, помалата чинија не значи дека треба да ја претрупате до врв со храна. Јадете секој ден во исто време, по пет оброци на ден, дури и да не ви се јаде. На ваков начин ќе го одржувате нормално нивото на гликоза во крвта и ќе ги избегнете нападите на глад.

Секој оброк треба да се подготви така што половина чинија ќе се наполни со зеленчук: салата, домати, краставици, ротквици, пиперки, цикорија, брокула или карфиол. Зеленчукот може да биде сиров или подготвен на пареа. 30% од чинијата треба да се наполни со храна богата со јаглени хидрати како интегрален или ржан леб, интегрален ориз, интегрални тестенини или јачмен. Останатите 20% се наменети за протеини: млечни производи со ниска масленост, месо, салама, јајца или морска риба. Дозволена е и ужина два пати на ден: интегрален бисквит и чај.

Тајниот рецепт на доктор ОЗ со кој ќе слабеете и дење и ноќе! 

Дневно треба да пиете најмалку 1,5 л. вода: Пијте вода меѓу оброците, дури и ако не сте жедни. Обидете се да пиете чиста минерална вода. Ако сакате во водата можете да додадете малку мед или сок од лимон. Наместо вода можете да пиете и незасладени овошни чаеви.

Јадете овошје претпладне: Во текот на претпладневните часови јадете овошје како јаболка, аргуми или јагоди, а избегнувајте банани и грозје. Брзо ќе ги согорите калориите и ќе го прочистите организмот.

Јадете супи од зеленчук: Започнете го ручекот со чинија супа од зеленчук и додадете свежи зачини како мирудија или магданос.

Избегнувајте сол или вегета кои содржат многу натриум кој ја задржува водата во организмот и го отежнува топењето на килограмите. Во супата можете да додадете и тестенини за супа или компир.

Пример на мени:

Појадок: 2 парчиња ржен леб и салата од зеленчук 
Ручек: супа од брокула, 2 компири, 150 гр. ослич печен во алуминиумска фолија, 2 лажици кисела зелка и мешана салата
Вечера: парче грахам леб со лажица свежи сирење, 2 листа зелена салата, домат и половина пиперка

Медена диета – ослабете еден конфекциски број за само 3 недели >>

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button