Џокер на Антониа Гиговска ги покажа мускулите – Познатиот пар има повод за славење! (Фото)

Македонскиот музичар Роберт Спасенцовски, попознат под уметничкото име Џокер, денеска го прославува својот 28. роденден.
Неговата сопруга, пејачката Антониа Гиговска, се потруди овој ден да биде уште посебен и го изненади со роденденска торта украсена со ликот на Џокер и карти, како симболика на неговиот музички идентитет.
Гиговска сподели фотографија на која Роберт позира полугол, откривајќи го своето фит тело, додека таа едноставно напиша „28“ со срце и конфети.
Џокер, пак, на својот профил сподели нежна фотографија со својот едногодишен син Киан во автомобил, додавајќи емотивна порака: „Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“.

Не застана тука – музичарот објави и кратко видео во кое самиот си ја пее „Happy Birthday“, со што ја воодушеви публиката која го следи.
Да потсетиме, Роберт и Антониа го добија синот Киан во 2023 година, кој стана центар на нивното секојдневие. Спасенцовски често споделува комични и емотивни моменти со својот наследник, а на социјалните мрежи може да се види дека понекогаш дури и му прави иста фризура како својата, за да изгледа како негова мала копија.
Еве како Гиговска носи фустан што го истакнува само најубавото на жената – изгледа светски, нели?