CelebrityTV

Џепна Венера со спектакуларен талент – Животната приказна на Дамла Сонмез, убавата Дилруба од „Азиз“

„Бев отворена личност. Но, како што стареев, почнав да се воздржувам и несвесно да се цензурирам. Да го хармонизирам моето бунтовничко расположение. Се уште имам внатрешен бунт кон луѓе кои не ја покажуваат љубовта, кон нетолерантни луѓе и кон кукавици“.

Реклама
Реклама

Многумина, во регионот, слушнаа за турската глумица Дамла Сонмез благодарејќи на тв-серијата „Азиз“ во која таа го интерпретира ликот на Дилруба, првата љубов на главниот лик, Азиз. Позната е и по тв- сериите Чукур, Рамо до рамо и Битката на розите.

 

View this post on Instagram

 

Маркетинг

A post shared by Show TV (@showtv)

Маркетинг

Но, Сонмез има импресивна деловна биографија и спектакуларна интернационална кариера. Добитничка е на бројни награди, глумела во повеќе тв-серии, драми, во многу интернационални проекти и театарски улоги.

Семејството ми даде слобода да бидам своја

Тилија Дамла Сонмез, е родена на 3 мај 1987 година, како единствено дете на татко-инженер и мајка -архитект. Нејзините баба и дедо, по мајка, биле имигранти од Абхазија (регион во состав на Грузија). Нејзиниот дедо и баба по татко пак, имаат черкезиско потекло, односно емигрирале во Дијарбакир од Сирија.

Дамла сонувала да стане актерка уште од 8-годишна возраст и секогаш правела нешто околу тоа. Посетувала француско училиште, а потоа и француска гимназија. Нејзиното семејство првично се прашувало: „Дали ѝ е глумата привремен ентузијазам?“, но откако ги увиделе напорите кои таа ги вложувала во глумата, ја поддржале во изборот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tilya Damla Sönmez (@iamdamlasonmez)

„Кога одев во „Сент Џозеф“, останував на училиште до доцна во ноќта за да вежбам. Кога моите родители сфатија што ми значи глумата, рекоа „Прави го тоа што го сакаш“ и секогаш ме поддржуваа. Родителите треба на најздрав и најбрз можен начин да ги направат своите деца независни од нив. Врската родител-дете треба да се базира само на љубов. Секое дете треба да има право да биде свое. Моето семејство ми го даде тоа право“, зборува Дамла за детството во едно интервју.

Инаку, Дамла е вистинска џепна Венера, висока е  1,62 м, а има 53 килограми.

Глумата е бескрајно истражување на себе, на луѓето и на животот

Првпат се појавила на театарска сцена во средното училиште благодарение на драмскиот училишен клуб. Но уште во основното училиште биле посеани првите семиња за тоа како се подготвува игра, процесот на вежбање, импровизацијата.

„Веќе знаев што сакам да правам, повратните информации од моите наставници и пријателите ме охрабрија уште повеќе. Никогаш не можам да заборавам кога игравме „Далечина“, првата година. На излегување од библиотеката, еден господин дојде да ми честита и да ми даде коментари за играта. Тоа беше мојата прва реакција на игра. Првпат ја вкусив радоста на јавноста од глумата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tilya Damla Sönmez (@iamdamlasonmez)

По дипломирањето на француското средно училиште „Сент Џозеф“ во Истанбул, студирала театар на Универзитетот Сорбона во Париз, Франција. Студирала вонредно и две години виолина и една година пијано на Државниот конзерваториум на Универзитетот Мимар Синан. Дипломирала на театарскиот оддел на Универзитетот Једитепе.

Во 2004 година го имала првото актерско искуство со серијата „Camdan Shoes“, но вниманието на јавноста го привлекла со интерпретацијата на ликот Пелив во серијата Рамо до рамо.

„Бев отворена личност. Но, како што стареев, почнав да се воздржувам и несвесно да се цензурирам. Да го хармонизирам моето бунтовничко расположение. Се уште имам внатрешен бунт кон луѓе кои не ја покажуваат љубовта, кон нетолерантни луѓе и кон кукавици. Не плашете се! Јас сум ти, и ти си јас… Ги имаме истите проблеми”, зборува убавата глумица во интервју за турските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tilya Damla Sönmez (@iamdamlasonmez)

Смета дека искусувањето на емоции нема никому да наштети. „Децата растат советувајќи ги: „Не плачи, не покажувај ја својата слабост, скриј ги чувствата. Сепак, убаво е да се каже дека вашата емоција, плачењето не е знак на слабост. Ако ги споделиме нашите емоции со личноста пред нас, без да нанесеме никому штета, тешките емоции како огорченост или завист исчезнуваат“, додава Дамла.

Оваа турска глумица претпочита да учествува во дела што ѝ значат, што ѝ се блиски на срцето.

„Глумата е бескрајно истражување на себе, на луѓето и на животот. Ако премногу високо ја подигнам наградата, ако влезам во расположението „тоа сум јас“, ќе се смачкам. Ако кажете „Јас сум“, играта завршува, откривањето завршува, забавата на работата завршува. А јас сакам да играм цел живот”, објаснува глумицата во интервјуто.

Затоа и добиените награди не влијаат на нејзиниот избор на улога. „Наградата е голема мотивација, но изборот на приказна и проект не може да се направи со очекување на награда. Наградата ќе ви каже: „Ни се допадна тоа што го направивте, ве разбравме“. Треба да прифатите и да се заблагодарите, но да продолжите без да се задржувате тука” – искрена е Дамла Сонмез.

Крај на голема љубов

Пред три години, една непријатна вест ги шокираше фановите на актерката. По 9-годишна врска и 3-годишна веридба, актерката и нејзиниот колега Ушан Чакир се разделија, а беа во пресрет на брак.

фото фејсбук

Во едно од нејзините интервјуа, Дамла Созен дури изјави дека Ушан Чакир ја познава подобро неа од  себе. Меѓутоа, во април 2021 година, славната двојка реши да ја прекине врската.

И покрај големата врева во медиумите, поранешниот пар не даде никаква друга изјава.

Оттогаш, актерката молчи за својот љубовен живот, и не е познато дали веќе нашла нова љубов крај себе, или сосема се посвети на професионалниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ozan Akbaba (@ozanakbaba)

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button