Џамбазов сподели тажна објава од својата внука – цела Македонија во солзи, тежок ден за сите нас
Панчо беше погребан на истиот датум на кој згасна животот и на легендарниот македонски пејач Тоше Проески

Вчера беше еден од најтажните денови за нашата естрада
По седуммесечната борба, Владимир Блажев Панчо ја изгуби битката и почина од последиците од пожарот во Кочани.
Музичарот лавовски се бореше со повредите, но за жал, не успеа да закрепне од повредите и неговиот живот згасна.
Принтскрин/ Јутуб
Панчо е 63 жртва што настрада во страшната несреќа што се случи на 16 март во ноќниот-клуб „Пулс“ во Кочани, а меѓу настраданите се и седуммина негови најблиски колеги од ДНК.
Погребот на Панчо беше вчера, на гробиштата во Бутел, а неговото тело беше изложено во црквата Св Илија во Аеродром.
Принтскрин/ Јутуб
На гробиштата имаше голем број пријатели, колеги и семејството кои дојдоа да се збогуваат и да му оддадат почит.
Најблиските членови на семејството сочувство примаа во црквата, а покрај капелата имаше комбе полно со цвеќиња и плишани мечиња од неговите пријатели, но и од бројните обожаватели.
И откако беше испратен во вечното почивалиште, многу наши јавни личност споделуваа фотографии со Панчо и тажни пораки.
Социјалните мрежи и денес се преплавени со негови фотографии, проследена со песната „Животе брате“, која сега секој ја слуша со солзи на очите, потсетувајќи се на страшната несреќа што ја потресе не само нашата земја, туку и целиот регион кој исто така тагуваше со нас. И токму затоа, стиховите од оваа песна на ДНК, ги слушаме во тага, и ќе останат да болат и печат уште многу време.
Сива пролет, сива есен…
Овој ден беше посебно тажен и што на истиот датум згасна животот и на легендарниот Тоше Проески.
И преплавени од овој колективен шок, измешан со многу емоции и голема тага многумина решија својата болка да ја искажат и преку зборови, со трогателни и тажни објави на социјалните мрежи што никого не оставаат рамнодушен.
Една од нив е и пораката на една мајка, на која сосем случајно налетавме, а која решивме да ви ја пренесеме во целост.
Овој пат не е во прашање јавна личност, но една мајка, која на ваков начин реши да ја искаже болката што ја чувствува, но и да им изрази сочувство на нашите ангели кои никогаш нема да ги заборавиме.
Нејзината порака прочитајте ја во целост во продолжение:
„Пробувам цел ден да се соземам од денешниот ден. Едниот пред 18 години, другиот денес го погребуваат. И двајцата на ист ден, црн 16ти Октомври. Тоше, со ангелски глас и ангелско лице, и мили очи од чиј поглед течеше само добрина. Тоше ми беше идол, голем верник, уште поголем хуманист и почина кога имав 18 години.Уште не можам да се смирам и уште не можам да поверувам дека го нема. Денес го испративме и Панчо. Сам се нарекуваше “џуџе”. Голем хуманист, секогаш со ведар дух, секогаш позитивен и насмеан и верен Аеродромец. ДНК беше група со која растев, нивните песни ги слушав на секоја забава за време на моите тинејџерски денови во дискотека или во кафич. Традицијата на слушање на нивните песни продолжи и со раѓањето на мојот син Марко кој ги обожава ДНК и ја знае секоја нова песна. И сега како да му објаснам на тоа дете дека веќе нема да има нова песна од ДНК и дека нема да може да си го гледа својот омилен бенд во живо на плоштад? Огромна празнина оставивте ДНК како најдобра и најслушана музичка група и Тоше како најдобар пејач во нашата напатена Македонија. Почивајте во МИР ангели, а ние ќе продолжиме да ги пееме Вашите песни!!!“
Принтскрин/ Фејсбук
Со многу тажна порака се огласија и од Адора, компанијата на семејството кое неодамна исто така доживеа голема загуба.
Тажно збогум и од компанијата Адора
Принтскрин/ Фејсбук
„Денешната вест ја продлабочи нашата тага. Годината зад нас ни ги одзеде некои од највредните луѓе, но нивните дела, вредности и спомени ќе останат засекогаш со нас. Ќе продолжиме да ги негуваме истите идеали, љубов и посветеност со кои тие го облагородуваа светот“, пишува во оваа објавата од компанијата Адора.
И за крај ви ја пренесуваме и објавата на Игор Џамбазов, објава која што и тој самиот ја сподели, а е напишана н Твитер од неговата внука, а која одекнува како звук од црковни камбани во нашите души.
„Тоше е доказ дека не мора некого лично да познаваш за да те боли душата и после толку години што не е присутен“, напиша внуката на Џамбазов и правнука на легендарниот Прличков.
Принтскрин/ Фејсбук
Боли и тоа што така ќе биде и со Панчо и сите останати кои не напуштија таа кобна ноќ, а нешто што може и што сме должни да го направиме, никогаш, никој од нив да не заборавиме.
Нека им е вечна слава на сите нив…