Џамбазов откри со кого се гали во креветот – и таа е инфлуенсерка, живеат заедно во новата куќа
Познатиот македонски актер со оваа убавица ќе живее среќно до крајот на животот

Еве кој му прави друштво на познатиот актер
Нашиот познат актер, шоумен, писател и музичар, Игор Џамбазов последните години ужива во својот дом во Дојран.
Тој ова место во Македонија го обожава, а во куќата во која живее таму никогаш не е сам, туку со својата најдобра пријателка.

Инстаграм/ Игор Џамбазов
Имено, Џамбазов ужива во друштво на својата домашна миленичка која покрај него се чувствува како царица.
Станува збор за кученецето Ферхунде, кое покрај тоа што има познато име и самата е поприлично позната на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Игор Џамбазов
Џамбазов често споделува моменти со неа, а сега се снимаше додека си ја гали, а таа ужива во неговиот кревет за сите пари.

Инстаграм/ Игор Џамбазов
Вистинска царица, нели?
Потсетуваме, Ферхунде во животот на Џамбазов се појави некаде на почетокот на 2024 година и од тогаш тие се неразделни.
Од денес Ферхунде Граникова започна нов живот. Далеку од опасните дојрански улици, по кои камионите шибаат стотка на саат. Далеку од лошото друштво во Сретеново со кое се дружеше, со бурен ноќен живот и лаење по ѕвездите до пет сабајле“, напиша тогаш Џамбазов на Инстаграм, откривајќи дека ја вдомил од улица и дека ќе си живеат среќно до крајот на неговиот живот.

Инстаграм/ Игор Џамбазов
„Утрово ја сместивме во патничко возило и ја однесовме во нејзиниот привремен дом, во Гевгелија, кај тета Александра и чичо Коко. Тие ќе ја исчистат од паразити во мешето, крлежи по крзното, па бањање, па малку козметика, па шетање, па лапачка, па на крајот мирен сон“.
„А кога Ферхунде конечно ќе дипломира, се враќа во родниот крај каде што ќе живееме среќно до крајот на мојот живот“, напиша тогаш Игор на социјалните мрежи и сите ги разнежни.




