Џамбазов и без скршен денар од Министерството за култура направи маестрален концерт за верната публика
„Маестрален концерт маестро и без министерство ти си култура“, пишува во една објава за Џамбазов по спектакуларниот концерт во Охрид

Џамбазов одржа концерт за паметење во Охрид
Игор Џамбазов вчера направи одлична забава на својот концерт што го одржа во Античкиот театар во Охрид.
Целиот простор беше исполнет до последно место, а Џамбазов заедно со Гуру Харе бенд приредија незаборавна журка.
Инстаграм
На концертот како специјални гости се појавија Пере од „Нокаут“ и Тамара Тодевска со кои Џамбазов веќе со години соработува.
Публиката цела вечер ги пееше заедно со него познатите песни, а Џамбазов беше во одлично расположение.
Инстаграм
Инаку, ова е прв концерт на Џамбазов во Охрид по цели 27 години, а претходно на Министерството за култура му се заблагодари што го одбиле и НЕ му дале ниту денар за да го организира истиот.
Инстаграм
Но тој и неговиот менаџер сепак не се откажале, посебно што станува збор за една од најубавите локации во Охрид.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм
Потсетуваме, Џамбазов само неколку дена претходно славеше роденден со своите најблиски во Дојран.
Инстаграм
Колку години наполни, но и со кого го прослави роденденот во еден познат дојрански ресторан, откријте тука.