Студените месеци можат да бидат многу интересни доколку ги гледаме од аспект на модата.
Тие се одлични за експериментирање, а доколку имате некој килограм повеќе, тоа треба да ви биде дополнителна причина за тоа, бидејќи токму во овој период од годината многу лесно можете да изгледате совршено.
Веднаш на старт би ви преорачале да ги истакнете вашите облини, а за таа намена обидете се со слоевито облекување, полни здолништа кои се апсолутен тренд, потоа кожа, волна, плетено.. изборот е навистина голем нели?
Се што треба да направите е само да ги следите следниве неколку правила.
Широките здолништа носете ги со пократки капути.
Тесни блузи и маици носете со широки здолништа и висок струк.
Долгите џемпери со копчиња, вестите и пелерините носете ги со тесни панталони или здолништа.
Доколку сакате да изгледате заводливо носете комбинација на кожа и свила. Свилената кошула облечете ја со кожно здолниште до колена.
Доколку носите широки панталони, тогаш тие нека бидат со нагласен висок струк
Оделата се ИН, иако помодерни се комбинезоните.
Клучни парчиња:
Капут во боја, маица и здолниште во иста боја но во различна нијанса, било што кожно, крзнени детали, плетено, чизми до глужд, софистицирани и модерни капути, фустани.