Реклама
BEAUTYШминка

Девојки, оваа сезона одлучете се за омбре усни

Реклама

Омбре трендот започна со двобојното фарбање на косата. Неодамна овој стил се пренесе и на шминкањето, и тоа на очите, ноктите, но најсилен ефект сепак даваат неодоливите омбре усни.

Постојат две варијанти: Да започнете со потемна боја на кармин од внатрешната страна, па да продолжите со посветла, или пак да почнете со посветла, а да завршите со потемна нијанса. Се прашувате што е најдобро? Секако, тоа треба да си го одговорите вие самите, земајќи ги предвид вашите вештини, приликите, вкусот… За да се осигурите што ви прилега најдобро, испробајте ги двете варијанти!

Маркетинг

Најпрво, изберете кои бои најмногу ви одговараат. Тука може да биде вклучен и вашиот омилен кармин, но за омбре партнер изберете некоја нијанса која најдобро ќе одговара. Важно е боите да бидат компатибилни и да потекнуваат од ист спектар. Обре усните може да бидат и дневна шминка, под услов да изберете подискретни бои.

Една варијанта која можете да ја испробате е и следнава: На едната усна нанаесете посветла, а на другата потемна нијанса на кармин. Потоа исенчајте ги со добра техника, па пополнете го средниот дел на вашите усни.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button