Кафе муабет

Денешните девојки сакаат да имаат контрола, да одлучуваат, да го видат светот. Како да ги освоите?

Advertisement

nezavisna3
Морате да имате сопствени цели и соништа ако сакате да ја освоите независната жена. За неа нема ништо поодбивно од човек којшто не знае каде тера во животот. Сите имаме кривини и пречки на патот, но важно е барем да имате замисла за тоа како сакате да ви изгледа животот и да се трудите тоа да го остварите.

За девојката која цврсто стои на земјата, многу е важно да имате став и јасно да го кажувате. Не се согласувајте со се со неа. На силната девојка и е потребен некој којшто ќе ја предизвикува. За неа врската треба да ги подобрува луѓето, двајцата партнери треба меѓусебно да си парираат, па и да се несогласуваат. Само така ќе се зацврстува односот.

Advertisement

Бидете трпеливи. Таа самата знае дека не е совршена и дека не пушта лесно луѓе во животот. Знае дека има проблем со искажувањето на чувствата и дека е позатворена. Но, ако сте доволно трпеливи, ќе ви го предаде целото срце и ќе ве сака со жештина со која никоја друга претходно не ве сакала.
Силната и независна девојка постојано сака да учи.

Нејзината жед за знаење никогаш нема да се угасне. Таа постојано ќе се труди да научи нешто ново, да се надогради, да се здобие со нова вештина. Таа сака да учи од другите луѓе. Бидете предизвик за неа, научете ја нови работи, изнесете и нови погледи. Силната и независна девојка се ужаснува од стагнација и статус кво и сака постојано да се движи напред. И тоа би сакала да го прави заедно со вас, но морате да држите чекор со неа.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button