Авторката на блогот „The Man Repeller“ направи вистинска модна револуција …
Таа е свесна дека со нејзината облека и специфичниот стил на облекување ги одбива мажите, но без разлика на тоа, одлучна е и едноставно не се откажува од тоа да ужива без страв во кломпи, перничиња за раменици и карнери.
Леандра Медине е авторка на блогот „The Man Repeller“ (жена што ги одбива мажите) го потврди она што вљубеничките во модата веќе подолго време се сомневаат – нашите аутфити ги збунуваат па дури, во одредени ситуации, и ги одбиваат мажите, без разлика на воодушевувањето што можете да го предизвикате кај пријателките или девојките што ја следат модата.
„Мислам дека мажите сакаат тесни и едноставни работи. Не разбирајте ме погрешно, не мислам дека шмизлести мини фустани се вистинскиот избор. Но, од друга страна пак, шалварите не се доволно тесни, перничињата на рамениците непотребно ве шират, а шљокиците се залуден крик за внимание во машките очи“, објаснува оваа блогерка. Нејзиниот блог за кратко време процветува па таа веќе е една од најпознатите модни блогерки за кои многу често пишуваат и познатите весници како „ New York Timesu “, соработува со бројни дизајнери како Рејчел Рој и Кимберли Тејлор, а се има појавено и во многу престижни модни списанија.
„Концептот за мојот блог се појави во Париз – таму навистина сконтав дека ги одбивам мажите. Сред модна недела заминувавме од една афтер парти забава и чекавме такси.“
„Во еден момент се погледнав – носев скинати фармерки со висок струк со откачеи карнери и маица со перничиња со која би се посрамотил дури и Пјер Балмен. Тогаш помислив дека нешто не е во ред со мене “, се присетува таа.
„Сепак верувам дека постојат мажи кои кога ќе видат девојка во таква облека ќе помислат – таа е самоуверена и изгледа совршено без разлика што фармерките не и се залепени за задникот. И верувале или не, но и на тој начин можете да забележите дека една девојка е убава, нели? Мажите кои ги одбива мојата облека по малку се плитки и веројатно не би сакала да бидам со нив“ заклучува таа.
види повеќе» |