Личностите родени во знакот Девица учат непрекинето. Тие се опседнати со усовршување на нови вештини и имаат неверојатно добра концентрација, која им овозможува да паметат се’, до најситен детаљ.
Девиците се големи аналитичари, и ако целта им е да ве надмудрат, на тоа ќе работат однапред. Многу Девици се сметаат за брилијантни личности кои во никој случај не би требало да ги потценувате.
Кој сака интелигентни муабети, дефинитивно треба да се дружи со Девици. Тие се и многу педантни и успеваат да ги решат проблемите со поголема леснотија отколку другите хороскопски знаци.
За жал, таквите когнитивни предности честопати им преминуваат во нереалност. Поради тоа, кај нив вообичаено постои судир помеѓу емоциите и реалниот живот. Но, Девиците се спремни да дадат многу за љубовта, а исто така се вбројуваат и во едни од најверните хороскопски знаци.
Девицата секогаш има мислење за одредена тема и не се плаши да го искаже, дури и да е крајно и да се разминува со тоа на другите.Понекогаш родените во овој знак можат да создадат вистински стрес крај себе. Нивната анксиозност и поплака од животот, често ги минуваат границите.Девицата ретко влегува во конфликтна ситуација. Ако има можност да ја избегне, тоа ќе го направи.