Во љубовта помеѓу Водолијата и Девицата, Водолијата прва се вљубува. Таа смислува тактика како да ѝ го привлече вниманието на Девицата, затоа што кај деталистите Девици се’ е под конец.
Од сите оружја со кои располага, Водолијата избира да се додворува со својата духовитост. Овој астро пар е прилично необичен, затоа што се различни според погледите кон светот, но хемијата која постои помеѓу нив е толку силна, што ги брише сите граници. Ним не им е потребно премногу време за да се заљубат лудо еден во друг. Девицата има тенденција да се прави паметна, а Водолијата го толерира ова во зависност од јачината на емоциите.
Овие два хороскопски знаци се во состојба да не бидат во контакт и со месеци, но во мислите честопати се враќаат еден на друг. Водолијата умее да самува и во целосност да им се посвети на другите аспекти во животот. Девицата сака рутина, но и понекогаш да влета во некоја луда авантура. Иако постојат и конфликти помеѓу овие два хороскопски знаци, сепак, кога конечно ќе се спојат, тоа ќе биде засекогаш.