CelebrityНаши ѕвезди

Девет години без „кралицата на ромската музика“ – гласот што и денес ги обединува Македонија и светот

Advertisement

На денешен ден се навршуваат девет години од смртта на Есма Реџепова, неприкосновената „кралица на ромската музика“, која остави неизбришлив белег на македонската и светската музичка сцена. Таа почина на 73-годишна возраст, по кратко боледување, оставајќи зад себе наследство кое надминува генерации.

Есма Реџепова е петто од шесте деца на семејството Реџепови, кои живееле во скромна куќичка во центарот на Скопје. Музичкиот талент ѝ се открил уште во детството, а првите чекори кон професионалната кариера ги направила на 13-годишна возраст, кога победи на натпревар во Сарај. Тоа ѝ донесе покана за соработка од Радио Скопје и отвори пат кон соработка со легендарниот Стево Теодосиевски, кој станал нејзин ментор и водич во музичкиот свет.

Advertisement

Заедно започнале со турнеи низ Македонија, а подоцна и низ сите републики на поранешна Југославија, додека првиот меѓународен настап на Есма се случил во Бугарија во 1961 година. Во текот на својата кариера, Есма Реџепова сними повеќе од 580 песни, од кои две беа платинести, а осум златни. Таа одржа над 22.000 концерти, од кои третина беа хуманитарни.

Со Ансамблот „Теодосиевски“ создаде богата дискографија: 108 синглови, 32 компакт дискови, 15 албуми, шест видеокасети и бројни телевизиски настапи. Иако најмногу пее на ромски и македонски, нејзиниот талент го прошири и на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди. Нејзината музика носеше пораки за љубов, тага и животни искуства, а песната „Чаје Шукарие“ стана неофицијална химна на Ромите ширум светот.

Есма немала свои биолошки деца, но посвоила и одгледала 47 деца, кои растеле и се образувале во рамките на ансамблот „Теодосиевски“. Со својата посветеност, таа покажа дека музиката и хуманоста можат да го променат светот околу нас. И денес, девет години по нејзината смрт, Есма Реџепова останува симбол на музичка извонредност, човекољубие и добрина, жена чие дело продолжува да инспирира и да ги обединува луѓето низ музиката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button