На 19 мај во ТЦ Соравиа ќе се одржи третиот детски моден фестивал KIDSFEST “ECO SUMMER”.
Организаторите се потрудија да подготват богата и интересна програма со цел овој ден да стане вистински празник кој на децата ќе им донесе огромна радост и среќа и ќе им остави многу весели спомени.
Големо внимание во програмата е посветено на едукативниот дел кој е составен на таков начин за најмалите да можат да се забавуваат, но во исто време и да го покажат креативниот талент и да научат нешто ново и интересно. Предвидени се работилници за изработка на предмети од рециклирана хартија (заедно со Габриела Постолова од Ликовна Академија – Скопје) и глина. Уметничкиот процес ќе биде спроведен со професионално објаснување за тоа зошто е важно да се користат материјалите од органско потекло и како тие во искусни и креативни раце можат да се претворат во убав украс. Едукативниот дел ќе биде дополнет со документарниот филм “Home” во кој преку снимките од 54 земји на интересeн и едноставен начин се раскажува за еколошката состојба во светот.
Mладата модна креаторка Искра Џокиќ ќе им помогне на децата да ги откријат своите дизајнерски способности и ќе им објасни како се прави модна скица. A за оние што сакаат да го доживеат искуството да се биде на модната писта, ќе бидат организирани детски часови за манекени и манекенки водени од врвен кореограф од агенцијата ПОДИУМ. Освен тоа, ќе се одржи и мастер-час за детски модни фризури актуелни за сезоната пролет/лето 2012.
Ќе следуваат прекрасни ревии на новите колекции на брендовите “New Balance”, “KANZ”, “Magnolia”, “Extremeintimo” (пижама шоу) за дечиња на возраст од 3 до 12 години. Своето модно шоу ќе го претстави и еден од најомилените “слатки” брендови – КРАШ.
DREAMLAND, најголемата игротека во Македонија, за овој празник подготви многу различни изненадувања за своите мали гости.Исто така, тој ден децата и нивните родители ќе имаат можност да ја посетат промоцијата на SONY 3D технологијата и да ги одмерат своите сили играјќи игри на плејстејшн. За љубителите на животните ќе има посебна фотосесија со јарето, папагaлите, творот и зајчето од зоолошката градина Скопје која ќе постави специјална кутија за донации. Собраните средства ќе бидат искористени за подобрување на условите за живеење на животните. Новитет на овој фестивал е модната ревија со кучиња!
Забавата во ТЦ Соравиа ќе биде збогатенa со трикови од магионичари, весели претстави со кловнови, компјутерски игри, цртање, сладоледи, бонбони, балони, трамболина и цртање на лице со бои.
Не пропуштајте ја оваа шанса вашите деца да уживаат во овој празник!
Врати се на првата страна.